Овие мафини со јаболко и морков се совршените први мафини кои може да му ги дадете на вашето бебе доколку го храните по BLW методата или за тодлер. Меки се и сунѓерести, без додаток на шекер или сол.
Не можам да верувам дека го прославуваме првиот роденден на Зои! Сакав да направам фотосесија со cake smash, но сакав тортата да биде без шекери за да може без проблем да јаде од неа. Затоа го направив овој рецепт за здрава торта – направена е со овесно брашно, засладено со банани (без додаден шеќер) и навистина лесно се прави!
Периодов е актуелна забраната за користење пластични кеси при купување во маркетите. Се почесто гледам дека…
Вкусни залчиња од брокула направени од само 4 состојки. За деца, но и за возрасните 🙂
Лампионите во форма на ангелчиња ми биле омилени како дете. На интернет најдов еден направи сам проект за правење на вакви лампиони и веднаш се решив да го направам. Секако сите потребни материјали веќе ги имав дома, а изгледаат тоолку слатко!!!
Просто не ми се верува дека помина една година откако се роди Зои. Толку многу работи се случија, толку многу порасна и се смени во овој период. Гледајќи ги сликите наназад сфаќам дека многу се има сменето физички, од мало и беспомошно бебенце стана мало детенце.
Зои имаше 9 месеци кога помина летото и кога времето се залади за да е потребно да ја покријам навечер. Во овој период ја преместивме да спие во нејзината соба сама и беше потешко да ја ѕиркам за да видам дали е покриена. Затоа се решивме да земеме вреќичка за спиење.
Паметна табла е најдобрата бебешка сензорна играчка. Тоа е табла на која се наоѓаат многу работи што бебето или мало дете може да ги допре, сврти, отвори, затвори, притисне, лизга, префрлува – и многу повеќе. Во постот ќе прочитате како ја направиме сензорната табла за Зои и повеќе идеи што се може да вклучите доколку се одлучите да направите и вие!