Search here...
TOP
Направи сам Празници се ближат

Лампион – Ангелче

Лампионите во форма на ангелчиња ми биле омилени како дете. На интернет најдов еден направи сам проект за правење на вакви лампиони и веднаш се решив да го направам. Секако сите потребни материјали веќе ги имав дома, а изгледаат тоолку слатко!!! Ги следев постапките чекор по чекор и ангелчињата искочија одлично! Затоа сакав да го споделам туторијалот како да ги направите овие лампиончиња.

Што ви е потребно?Направи сам лампион - ангелче

  • дрвени топшиња со отвори од двете страни (јас моите ги имав оддамна нарачано од алиекспрес, но сигурно ги има кај нас во продавници кои продаваат материјали за правење накит)
  • бел коноп (може да искористите каков било подебел конец)
  • памукчиња за бришење лице (сите ги имаме дома :))
  • силиконски пиштол
  • ножици

Начин на изработка:

  1. Конопот го преклопувате на половина и го протнувате низ отворите на топчето. Горниот дел треба да служи за закачување на елката, па направете го долг колку сакате.
  2. Долниот дел на конопот го лепите на средина на памукчето. Кога лепите, внимавајте дрвеното топче да дојде надвор од памукот.
  3. Ставате лепак на десната страна на памукчето (десно од конецот) и ја преклопувате левата страна на памукчето за да се залепи
  4.   Постапката ја повторувате и со десната страна од памукчето. Односно, лепило ставате на делот кој го свиткавте во претходниот чекор и го залепувате памукчето.
  5.  Следен чекор е да ги направите крилата на ангелчето. Земете други памукче и исечете го на половина. Потоа со ножиците направете две заоблувања од двете страни, како што е прикажано на сликата.
  6. Ставете лепило на крилата и залепете ги на средина на ангелчето

Мене многу ми се свиѓа како лампиончињата изгледаат на елката. Едноставни се и многу лесни за правење.

Lampion angelce na elka napravi sam

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите