На 30.12.2021 година (13+ м) прв пат заспа и не се разбуди цела вечер. Спиеше од 7 часот вечер до 7:30 часот сабајле. Со Дејан за прв пат после цела година станавме наспани пред Зои да се разбуди. Беше наспана, расположена кога стана, а морам да признам дека и ние бевме пресреќни.
Од 10 месеци почна нова етапа во нашата приказна за спиењето. Зои почна да иде во градинка, а воедно ја префрливме да спие сама во својата соба. Тука почнаа и новите предизвици со спиењето.
Иако имаме голем напредок и подобрување во спиењето, сепак на возраст од 7+ месеци бебето треба да може да ја преспие целата ноќ. Но, Зои сеуште се будеше по неколку пати во вечерта.
По воведувањето на вечерната рутина за спиење работите навистина тргнаа во подобра насока. Зои многу полесно заспиваше, имаше константно време кога заспиваше и тоа беше во разумно време. Но, четвртиот месец се случи нештото од кое се плашев, а тоа е регресија на спиењеto (sleep regression)
Добредојдовте во моето патешествие за спиењето, се надевам овие приказни и моето искуство ќе ви помогнат да не ги правите истите грешки и да имате поуспешна приказна за спиењето од самиот старт.
Кога ја заменував летната со зимската гардероба најдов неколку работи што ми беа за фрлање, но решив да ги искористам за да ја направам оваа есенска декорација
Дали сте пробале да сликате со вода? Многу е интересно и забавно
Имавме големи планови каде да одиме на годишен одмор. Кападокија, Барселона, Италија беа само дел од дестинациите за кои се размислувавме. Но, имавме еден неуспешен обид за патување во Белград каде завршивме на клиника па затоа се решивме да одиме на поблиско место во Грција.