Неделата е ден за одмор, но и за правење нешто вкусно што ќе го разубави денот. Денес решив да споделам со вас еден од моите омилени рецепти – брауни.
Со подобра организација и правилни активности за на плажа, одмор со дете може да биде вистински одмор 🙂
Божиќ ми е најубавиот празник во годината. Оваа година за прв пат правам божиќна куќичка, но сигурна сум дека ќе препрасне во традиција. Искрено не бев сигурна дека ќе успеам, ми изгледаше доста комплицирано за правење, а најмногу ме плашеше тоа што мислев дека ќе ми се распадне куќичката кога ќе ја склопам и залепам. Па, рецептот беше успешен и затоа сакам да го споделам со вас доколку се решите да правите ваква божиќна куќичка.
Имавме големи планови каде да одиме на годишен одмор. Кападокија, Барселона, Италија беа само дел од дестинациите за кои се размислувавме. Но, имавме еден неуспешен обид за патување во Белград каде завршивме на клиника па затоа се решивме да одиме на поблиско место во Грција.
Еден ден од неделата ни е резервиран за палачинки. Секогаш комбинирам различни рецепти за палачинки, а во овој пост ќе ви споделам рецепт за палачинки со банана и морков.
Мафинките се супер за појадок и ужинка. Јас често и ги правам на Зои, а често и јас самата си поткаснувам. Ми се допаѓа што може да се замрзнат па секогаш имам спремно брза ужинка кога немам доволно време да направам нешто.
Овие вкусни бомбици од боровница се одличнна опција за доручек за тодлери. Направени се со овесни снегулки, боровница и путер од кикирики и се здрава опција за возрасни и за деца.
За 31-от роденден си направив торта нутела чизкејк. Толку многу ни се допадна што после неколку дена си направивме ист чизкејк кој си го јадевме само јас и Дејан. Рецептот ми го даде другарка ми Ирена која е експерт за правење чизкејк.