Еден ден од неделата ни е резервиран за палачинки. Секогаш комбинирам различни рецепти за палачинки, а во овој пост ќе ви споделам рецепт за палачинки со банана и морков.
Потребни состојки:
- банана
- морков
- јајце
- 2 супени лажици брашно
- 1/4 чајнна лажичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Морковот се вари за да омекне.
- Откако ќе се свари морковот, се пасира заедно со бананата.
- Се додава јајца, брашно и прашок за пециво. Во рецептот користев брашно од хељда, но може и обично.
- Добро се меша и на загреана тава (среден оган) со малку маслиново масло се става од смесата по една минута од страна.
Видеото од овој рецепт е објавен на мојот инстаграм профил и може да го погледнете тука.

Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари