Search here...
TOP
Направи сам Празници се ближат

Ѕвезди направени од хартиени кеси

Novogodisni zvezdi

Периодов е актуелна забраната за користење пластични кеси при купување во маркетите. Се почесто гледам дека се користат хартиените кеси кои ги има во различни димензии. Во овој направи сам проект се користат токму овие хартиени кеси со кои се прават неверојатни хартиени ѕвезди. Тие се одличен декор во домот за престојните новогодишни и божиќни празници.

Што ви е потребно:

  • хартиени кеси
  • силиконски пиштол или друго лепило
  • ножици
  • коноп

Начин на изработка:

  1. За да направите една ѕвезда ви се потребни 7 хартиени кеси.
  2. Секоја од кесите ја лепите на средината и на долниот дел. Обично овие кеси на предната страна се пократки за 1 см, па треба да внимавате лепилото да го нанесете само на пократкиот дел. За лепење ја користам силиконски пиштол бидејќи е цврст и многу брзо се суши, но може да користите и друго лепило, само треба да почекате додека добро се залепат.
  3. Постапката ја повторувате со сите 7 кеси, односно ги лепите на ист начин една врз друга.
  4. следува сечењето за да се добие саканата форма на ѕвездата. Го сечете гориниот дел од хартиените кеси од двете страни за да добиете шпиц, а од страните сечете во форма на триаголник. Ова најдобро е објаснето на сликата.
  5. Од конопот сечете врвка со должина која ви е потребна и мал дел од конопот го лепите на шпицот на кесите.
  6. На крај повторно нанесувате лепило во средината и долниот дел на кесите, ја отворате ѕвездата и ги лепите првата и последна кеса.

Во однос на димензиите на кесите, нема правилна или погрешна димензија. Може да добиете само поголеми или помали ѕвезди. Јас користев две димензии на кеси, едната 10×20 см, другата 14×30 см

Погледнете колку прекрасно изгледаат. Јас се размислувам вака да ги оставам и откако ќе поминат новогодишните празници 🙂

Novogodisni zvezdi

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите