Search here...
TOP
Мајчинство Спиење

Нашата приказна за спиењето (7-9 месеци)

Иако имаме голем напредок и подобрување во спиењето, сепак на возраст од 7+ месеци бебето треба да може да ја преспие целата ноќ. Но, Зои сеуште се будеше по неколку пати во вечерта. Веќе знаев дека будењето е навика која треба да ја тргнеме затоа што се будеше точно во одреден период од вечерта. Поради оваа причина во седмиот месец се обидувавме да го зголемуваме времето на спиење. Престанав да и давам да цица првиот пат кога ќе стане бидејќи знаев дека не е гладна, туку само дека е навикната да се буди и да презаспие со цицање. Два дена се помачивме, но веќе третиот ден си спиеше повеќе од 6-7 часа без да се разбуди. Тоа траеше извесен период, но веќе беше летно време и беше многу топло навечер па повторно се поремети спиењето и не можеше убаво да спие. Можеби причината е нешто друго, но ние оваа регресија во спиењето ја поврзавме со горештините. Неколку дена седеше будна до 11 часот навечер, а потоа почна да легнува во 21-22 часот наместо во 19-20 часот како претходно. Втората причина беше тоа што прозорецот на будност и беше зголемен и веќе беше во период помеѓу две и три дремки. Третата дремка се фаќаше многу касно и поради тоа и заспивањето се одложуваше за покасно.

Нашата приказна за спиењето (7-9 месеци)

Во овој период Зои почна да лази и веќе можеше со лазење од нејзиното креветче да дојде во нашиот кревет. Едноставно сакаше да дојде и да си легне на мене и така да заспие. Бев во недоумица. Од една страна толку ми беше убаво што доаѓа да се гушка и да заспива врз мене, од друга страна не сакав повторно да и направам лоша навика за спиење. Така, решив кога ќе дојде да не ја одбивам, се гушкавме одреден период па ќе ја легнев во креветчето. Ова знаеше да се повторува по повеќе пати додека конечно не заспие. Периодов читав книга од Tracy Hogg со наслов „Secrets of the Baby Whisperer“ по препорака на Моника Зец. Во книгата се збореше за еден пристап кој авторката го нарекуваше E.A.S.Y пристап. Почнав и јас да го применувам кај Зои. Се работи за редослед на активности кои се прават со бебето – јадење (eat), активност (activity), спиење (sleep) и време за себе (you time). Така ја сменив рутината за спиење, наместо да и давам да цица па да ја легнам да спие, прво и давав да цица па имавме некоја активност како бањање, пресоблекување, масажа, читање приказна па легнување во креветче. Целта ми беше доењето повеќе да не биде асоцијација за спиење. Оваа техника ја правев извесен период и за време на дневните дремки затоа што веќе од 9 месеци Зои требаше да почне да иде во градинка, а во градинка требаше да заспива сама, без мене.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите