Кратките дремки и честото будење навечер кај Зои ме натера подетално да ги истражувам процесите за спиење кај бебињата. Кога спиеме, ние возрасните исто како и бебињата и децата минуваме низ РЕМ И НЕ-РЕМ спиење.
Можеби најважното нешто што треба да го знаете кога станува збор за спиењето на Вашето бебе се прозорците на будност. Прозорците на будност се во основа време кога вашето бебе е будно помеѓу дневните дремки.
Постојат различни реквизити кои им помагаат на бебињата да заспијат. Реквизитот за спиење (исто така познат како асоцијација за спиење или помагала за спиење) може да биде сè од што вашето бебе зависи за да заспие. Некои се исклучително корисни за спиењето на бебето, додека други се помалку корисни.
На 30.12.2021 година (13+ м) прв пат заспа и не се разбуди цела вечер. Спиеше од 7 часот вечер до 7:30 часот сабајле. Со Дејан за прв пат после цела година станавме наспани пред Зои да се разбуди. Беше наспана, расположена кога стана, а морам да признам дека и ние бевме пресреќни.
Од 10 месеци почна нова етапа во нашата приказна за спиењето. Зои почна да иде во градинка, а воедно ја префрливме да спие сама во својата соба. Тука почнаа и новите предизвици со спиењето.
Иако имаме голем напредок и подобрување во спиењето, сепак на возраст од 7+ месеци бебето треба да може да ја преспие целата ноќ. Но, Зои сеуште се будеше по неколку пати во вечерта.
По воведувањето на вечерната рутина за спиење работите навистина тргнаа во подобра насока. Зои многу полесно заспиваше, имаше константно време кога заспиваше и тоа беше во разумно време. Но, четвртиот месец се случи нештото од кое се плашев, а тоа е регресија на спиењеto (sleep regression)
Добредојдовте во моето патешествие за спиењето, се надевам овие приказни и моето искуство ќе ви помогнат да не ги правите истите грешки и да имате поуспешна приказна за спиењето од самиот старт.