Search here...
TOP
Мајчинство Спиење

ШТО СЕ РЕМ И НЕ-РЕМ СПИЕЊЕ КАЈ БЕБИЊАТА

Што се рем и не-рем спиење кај бебиња | Sto se rem i ne-rem spienje kaj bebinja

Кратките дремки и честото будење навечер кај Зои ме натера подетално да ги истражувам процесите за спиење кај бебињата. Кога спиеме, ние возрасните исто како и бебињата и децата минуваме низ РЕМ И НЕ-РЕМ спиење.

Што се случува за време на не-РЕМ сон?

Постојат три фази на не-РЕМ сон. Секоја фаза може да трае од 5 до 15 минути. Треба да се поминат сите три фази пред да стигнете до РЕМ сон како четврта фаза од спиењето.

  • Фаза 1: Очите се затворени, но многу е лесно е се разбудите. Оваа фаза може да трае од 5 до 10 минути.
  • Фаза 2: Ова е фаза на лесен сон. Отчукувањата на срцето се забавуваат и температурата на телото паѓа. Телето полека се подготвува за длабок сон. Ова може да трае 10-25 минути.
  • Фаза 3: Фаза на длабок сон. Многу е потешко е да се разбудите во оваа фаза, а ако некој ве разбуди, ќе се чувствувате дезориентирани неколку минути.

За време на фазата на длабок сон (не-РЕМ), бебињата го зајакнуваат својот имунолошки систем.

Што е РЕМ сон?

РЕМ (REM) на англиски означува брзо движење на очите (rapid eye movement). За време на РЕМ спиењето, очите брзо се движат наоколу во различни насоки, но не испраќаат никакви визуелни информации до мозокот.

За време на РЕМ спиењето, бебињата (и возрасните) сонуваат, и претставува многу активна фаза на спиење. Додека е во РЕМ сон, вашето бебе го обработува она што го научило и всушност го користи ова време за да го организира својот мозок во нови неврони.

Бебињата кружат низ РЕМ и не-РЕМ спиењето побрзо од возрасен, поминувајќи низ цел циклус (составен од 4 фази) на секои 45 минути, во споредба со 90 минути како возрасен. И тие обично ја завршуваат фазата на длабок сон по околу 30 минути.

Кога новороденчињата заспиваат, тие имаат тенденција прво да западнат во РЕМ сон. Бебињата почнуваат да ги менуваат нивните шеми на спиење по 3 месеци, тогаш тие прво паѓаат во не-РЕМ сон. По првите неколку моменти на полесен сон, влагаат во многу длабок сон и тешко е да се разбудат. Потоа циклусот се продолжува одново и одново додека не се разбудат. Проблемот кај бебињата е тоа што повеќето од нив не знаат самостојно да заспијат и поради оваа причина тие се будат по 30-45 минути (по завршување на еден циклус). Во постот Совети за подобро спиење имам пишувано како можете да изградите добри навики за спиење. Откако бебињата ќе научат техники на само-утеха, односно заспивање сами без никаква помош од родител или останати помагала за заспивање (цуцли и слично) ќе можат да врзат повеќе циклуси на спиење и да спијат по повеќе часа преку ден и цела ноќ.

Со градењето на вештините за заспивање сами без никаква помош, всушност се постигнува крајната цел – Преспивање на целата ноќ. Веќе имам пишувано повеќе постови за моето искуство со спиењето на ќерка ми. Мислам дека доколку ги знаев овие информации навреме времето на првата преспана ноќ зналчително ќе се скратеше.

Нашата приказна за спиењето (0-3 месеци)

Нашата приказна за спиењето (4-6 месеци)

Нашата приказна за спиењето (7-9 месеци)

Нашата приказна за спиењето (10-12 месеци)

Првата преспана ноќ

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите