Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Девет волшебни месеци

Секој месец со своја приказна, постојано се случуваат нови работи и нови достигнувања. Лазењето е целосно усовршено. Сама си стигнува од едно на друго место, сама се подига на мебел, станува во креветчето. Почнува да учи како да седне од стоење и да седи на коленици. Знае да прави „ЧАО“ со рачињата, да прави звуци со раката на уста, повеќе си збори со блаботење на нејзин јазик.

Спиење

Поради поголема безбедност ја ставивме оградата на креветчето и душекот го симнавме на најниско ниво. Овој период кога ќе се разбуди се свртува на стомак, седнува и веднаш станува и се држи за креветчето. Така, кога се успиваме ќе стане, јас ќе ја легнам, повторно ќе стане, па јас повторно ќе ја легнам и така повторуваме додека не заспие. Истото се случува и кога ќе се разбуди на сред вечер. На почетокот на месецот почнав да и давам еден ноќен подој, во меѓувреме кога ќе се разбудеше ја успивав без да цица и за неколку дена имаше резултати. Спиеше по 6-7 часа без да се разбуди. Но, откако ја примивме последната шестовалентна вакцина ми крена температура и ја легнав до мене за да можам подобро да ја следам. Така, напорот од една недела тренирање со спиењето падна во вода и повторно почна да се буди по 3 пати во текот на вечерта.

 Вонредна контрола на ортопед

Кога одеше ја приметивме дека левото ноџе го поставуваше навнатре па решивме да ја однесеме на вонредна контрола на ортопед. Докторката кажа дека грешиме што ја придржуваме да оди кога не е способна сама да чекори. Дека се работело за некој рефлекс на одење и треба да избегнуваме да го правиме тоа. Среќа, како што се усовршуваше со лазењето повеќе не ни сакаше да ја држиме да оди. По некое време кога ќе ја застаневме на нозе одма се пушташе и продолжуваше да лази. Исто така ни кажа дека во никој случај не треба да ја ставаме да оди во дубак (секако не сакаше да оди во дубак), додека во џамперот е во ред.

Ново запче

На крај на месецот ни искочи ново забче (трето), горен десен кец. Не можам да кажам дека имаме голем проблем при вадењето на заби, но како што слушам, вистинските проблеми почнуваат со тројките и четворките.

Наместо одмор – изолација

Се спремавме да идеме на втор одмор, но кога го правевме ПЦР тестот за патување искочив позитивна. Немав никакви симптоми, но мораше задолжителна изолација од 10 дена. Неколку дена се пазевме и со маски шетавме по дома за да ја заштитиме Зои. Педијатарот ни препорача да и даваме витамини како превенција. За среќа се заврши добро, Зои не се разболе, а ние поминавме целосно асимптоматски.

Градинка

Последниот ден од месецов Зои почна да иде во градинка. Околу самата адаптација во градинка ќе пишам на посебен пост. Доколку планирате упис на дете во градинка прочитајте кој документи се потребни за упис во градинка.

Месецов Зои е долга 72 сантиметри и тешка 8.200 грама. Во однос на минатиот месец порасната е за 2 см и поправена 300 грама.

Home with Zoe
TAGS:

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите