Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Документација за упис на бебе во градинка

Драги родители, уписот на детето во градинка ќе биде најтешкото нешто што ќе го направите во животот. Во постов нема да навлегувам во тоа КАКО ќе го запишете детето во градинка, туку кој документи ви се потребни за упис.

Најпрво потребно е да пополните ПРИЈАВА за упис на детето во градинка. Во пријавата наведувате податоци за вас и за детето и во кој објект сакате да го запишете. Барањето некои градинки имаат овозможено да се прати електронски, за други треба да се отиде лично да се поднесе во управата на градинката.

Уписот во градинка согласно закон се прави преку целата година. Ова е многу важна напомена бидејќи во мојот случај од градинкарта ме известија дека уписи не прават во летниот период поради горишните одмори, туку од 1ви септември, што е спротивно на закон. Ако во јавната детска градинка има пријавено поголем број на деца отколку што има слободни места, за приемот решава комисија за прием на деца, чиј состав го утврдува управниот одбор.

Со пополнување на пријавата, доставте веднаш потврда од работа дека сте во редовен работен однос. Моја препорака е да не чекате да доставите дополнително кога ќе ви побараат. Овие потврди се бараат САМО поради моменталната состојба со КОВИД 19. Во нормални услови не е важно дали родителите се вработени или не се вработени.

Откако ќе ве известат дека детето е примено во градинка потребно е да се достават следниве документи:

  1. Образец кој е потребно да се подигне во градинката. Овој образец дел го пополнува родителот, а дел го пополнува матичниот доктор во однос на здраствената состојба на детето. Образецот можете да го симнете тука.
  2. Копија од страна 3 од здраствената легитимација (книшка) како и копија од страна 12-13 како доказ за примање на сите вакцини кои се предвидени за возраста на детето.
  3. Потврда од матичниот лекар за здраствената состојба на детето.
  4. Платена уплатница за тековниот месец

Кога Зои почна во градинка, дента ги оставив документите за упис бидејќи во нашиот случај иде во истата градинка каде што е управата.

После нкој ден ми дадоа да потпишам договор во две копии од кои едната е за нас родителите, а другата за градинката. Покрај договорот ми дадоа да пополнам изјава која е поврзана со Ковид 19 во смисла на одржување физичка дистанца, да не се носи детето ако има температура или родителите ако се позитивни и слично.

Тоа е се што е потребно (од документација) за упис на детето во градинка. Во посебен пост ќе напишам како помина нашата адаптација и колку траеше и останати работи поврзани со одењето во градинка.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите