Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Зои направи три месеци

Зои 3 месеци

Во текот на третиот месец се забележуваше колку стана по подвижна. Прета со рацете и нозете, повеќе се смее, сака да се исправа и да седи сама. Внимателно слуша кога и збориш и генерално е помирна и посамостојна. Веќе може да си игра со некоја играчка доколку и ја доближиш доволно блиску да може да ја фати. Ја разгледува и ја става во уста. Може да се превртува на стомак (со помош, не сама), но лежењето на стомак воопшто не го сака. Во оваа положба главата ја држеше исправена, но рацете наместо да ги стави напред ги влечеше назад со што повеќе напор и требаше за да лежи така па одма почнуваше да се нервира и да плаче. Исто така премногу почна да се лигави и да ги става рацете во уста. Си помисливме дека е можно забчињата да ја мачат ама истите не искочија уште неколку месеци покасно.

Во овој месец за прв пат се случи да почnе да плаче од нигде никаде без престан. Пола саат никако не можевме да ја смириме. Прво пробавме да и дадам да цица (до тогаш секогаш се смируваше на тој начин), но одбиваше и продолжуваше да плаче. Пробавмеда ја песоблечеме, ја туширавме, повторно одбиваше да јаде, ја гушкавме, ја нишкавме и пеевме и зборевме ама буквално ништо не помагаше. На крај, го земав сирупот за грчеви и со шприц и дадов од течноста. Инстантно се смири и почна да шмука. Веднаш ја префрлив на града и конечно агонијата заврши. Во наредните неколку дена знаеше истото да го направи, но јас повторно ќе и дадам малку течност (имав спремено чајче) за да се смири и да може да почне да цица. Мислам дека во овој момент не беше стрплива доволно да цица додека да и дојде млеко и затоа плачеше и одбиваше. Потоа имаше моменти кога одбиваше да цица од едната града, но кога ќе и ја понудев другата немаше никаков проблем (ова не се случуваше само на една града па да си помислам дека нешто не е во ред). Најверојатно ова однесување беше резултат на третиот скок во развој.

Спиење

Од овој месец почнавме со ноќна рутина за спиење. Тоа не е ништо посебно, но гледавме да го повторуваме секој ден во исто време. Во 9 часот ја носиме во соба со пригушена светлина за да ја пресоблечеме, потоа ја носиме во спална каде е пуштено апаратчето за бели звуци (white noice). Ја повиваме во специјална вреќичка за спиење (swaddle) за да не може да мрда со рачињата бидејќи приметивме дека рефлексно мрда и се буди. И давам да јаде, заспива и ја оставам во креветче да спие. После 4-6 часа се буди за јадење и продолжува да спие уште 2-3 часа. Овој месец можам да кажам дека беше најдобар во спиењето, а веќе наредниот значително се влоши. Преку ден спиењето остана исто како претходно. Ако заспие додека цица, кога ќе ја оставев веднаш се будеше. Дремките траеа меѓи 15-30 минути. Спиеше додека се шета со количка или во траспортер додека се вози. Транспортерот го користевме и за заспивање по дома, најпрвин Дејан рачно ја лулаше, но стануваше се потешка и потешка па смисливме транспортерот да го ставиме на една лулашка која ја имавме и така да ја луламе додека не заспие.

Преглед на ортопед

Овој месец го направивме првиот преглед на ортопед. На прегледот докторката правеше вежби на ноџињата, ја креваше да седне, да стои. Исто така со ехо ги гледаше колкчињата дали е се во ред. Ние никогаш не почнавме на Зои да и ставаме широк повив на пелената. Среќа и докторката не спомна дека треба да почнеме така што се беше во ред.

Првите вакцини

Пред да ги примиме вакцините бевме кај педијатарот да и земат на Зои крв за да се направи крвна слика. Земањето крв на толку мало бебе е приказна за себе. Рачињата се стегнати во тупаници и не ги опушта. докторката боцка, го стиска прстето за неколку капки крв да паднат во ептуветата. Мене ми вика држи ја вака, држи ја така, не вака, не така. Крвишта на сите страни, бебе плаче, а јас се нервирам што сестрата не знае убаво да земе крв (или јас што не знам да ја наместам :)). Како и да е, крвана слика се покажа добро па кога отидовме во поликлиника можеше да ги прими вакцините. Првиот пат на вакцина има административен дел за да ја внесат во систем. Потребно е да се носи здраствена книшка и картончето кое го даваат од болница. Прими вакцина за РОТА вирус орално и петовалентна вакцина во нога. Јас не сум некоја паничарка, така што ова искуство воопшто не беше страшно и трагично за мене (пред да идам другарки ми го опишуваа како многу страшно искуство). Зои при убодот од бицкањето почна малку да плаче, но кога ја земав во рака се смири многу брзо. Среќа немавме никакви реакции после вакцините.

Прво шишање

Зои се роди со доста долга косичка. Се решивме да ја шишаме (замислете пред крштевка и пред да наполни една годинка) од практичен аспект. Од една страна за да и се израмни и да и расте секаде исто, од друга страна за да биде полесно бањањето и сушењето на косата. Планиравме да ја носиме на фризер за деца, но бројките на заболени од вирусот почнаа да растат во тој период и се решивме да ја шишаме дома сами.

Овој месец Зои порасна само еден сантиметар во висина, за разлика од минатиот месец кога имаше скок во растот и кога порасна седум сантиметри. На килажа качи 600 грама за еден месец. На крајот на третиот месец беше висока 61 сантимерат и тешка 5.830 грама.

Какви се вашите искуства во третиот месец со новороденче? Слободно пишете во коментарите подолу 🙂

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите