Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Активни осум месеци

Месецов се карактеризира со активноста на Зои. Колкава разлика можам да приметам од почетокот на месецот па до денес. Зои почна да лази. Лазењето имаше неколку фази:

  • влечење со телото и вртење во круг
  • исправување и пробување да лази на лакти
  • од лазење се исправа и седнува сама
  • почнува да лази и на колена и дланки
  • почна да се исправа сама во креветчето, а потоа и насекаде по мебелот кој може да го дофати

Зачудувачки е како самата си се научи да лази, постепено и полека. Вимателно се поткрева на креветчето да стане и потоа се врти со еден задоволувачки поглед кој не се заборава како да сака да каже „Види ме Мамо“. Потоа почна да прави чекори држејќи се за креветчето, толку полека и внимателно со мал страв да не падне. Па и да падне, веднаш станува и се обидува повторно!

Прв одмор со бебе

Се решивме да идеме во Грција, на место кое е 3 часа оддалечено од Скопје бидејќи не знаевме како ќе се однесува Зои и во случај да има некој проблем да можеме побрзо да се вратиме. Одморот беше поразличен од останатите, но сепак беше многу убав. Доколку се придржувате до истата рутина супер ќе поминете. Подетално за нашиот прв одмор може да прочитате на блогот тука.

Спиење

Откако веќе почна да лази, при легнување во нејзиното креветче, се превртува и со лазење доаѓа накај мене. Сака да се навали на мене и да си заспие. Јас пак не знам што да правам. Од една страна, тоа ми е толку убаво и слатко бидејќи до тогаш нема покажувано такви емоции, а од друга страна не сакам да и направам лоша навика за спиење. Така, она ќе дојде, ќе се погушкаме една минута и ќе ја легнам на креветчето. Се обидува да заспие, ако не може, повторно ќе дојде да се гушка и така додека не заспие во своето креветче. Кога се вративме од одемор спиењето малку се поремети затоа што седум дена спиевме заедно на кревет, а сега оддеднаш повторно ја вративме во нејзиното креветче. Месецов прочитав една книга Secrets of the Baby Whisperer каде се зборува за E.A.S.Y пристап кој почнав да го применувам. Јадење (eat), активност (activity), спиење (sleep) и време за себе (you time). Овој редослед веќе го применував преку ден подолго време, затоа што сакав да ја одвикнам од заспивањето непосредно по цицање поради тоа што ќе иде набргу во градинка. Сега почнав да го применувам и за навечер со тоа ја променив рутината за спиење. Па рутината сега ни изгледа вака: И давам да цица, потоа ја пресоблеувам, ја тушираме за да ја разладиме од горештините, потоа масажа, облекување и легнување во креветче. Некогаш знае веднаш да си го стави прстето и бргу да заспие, а некогаш се потребни неколку тури на гушкање и малку плачење.

Првите заби

Месецов и искочија првите заби. Забите пробија уште кога бевме на одмор. Не осетивме голема промена во расположението. Ние купивме гел за заби откако се вративме од одмор и откако забите веќе беа пробиени. Јас мислев дека болката е додека да пораснат, а всушност најголемиот проблем било додека да пробијат. Се надевам сите дека ќе ги извадиме вака, иако поизкусните мајки ми викаат дека првите биле најлесни.

Достигнувања

Во текот на целиот месец се научи убаво да лази на колена и на дланки. Повеќе не сака да седи и да си игра со играчките, него сака играчките да ги влече и расфрла низ цела соба. Со самото тоа мора постојано и јас да сум во движење, да видам каде отишла, каде застанала, да не фати нешто што не треба, да не падне и слично. Купивме заштитници за фиоки и штекери за да не може да ги отвора фиоките или да брца прсти во штекерите. Расчистивме се по дома што може да и е на дофат, а не треба да го фаќа и почнавме да правосмукаме и џогираме секој ден. Сеуште сака да стои и да шета, придржувана со рачињата, но приметивме дека левото ноџе го поставува навнатре кога оди, па сакаме нареден месец да отидеме на ортопед (вонреден преглед) да ни кажат дали е тоа нормално или што може да се преземе. Додека бевме на одмор научивме да правиме БРАВО, да плескаме со рачињата.

Месецов Зои е долга 70 сантиметри и тешка 7.900 грама. Во однос на минатиот месец порасната е за 4 см и поправена 350 грама.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите