Search here...
TOP
Соработки

Продавница за облека и додатоци за бебиња Baby Molla

baby mollaBaby Molla е интернет продавница од Косово, но имаат многу брза достава до било кој град во Македонија. На оваа страница можете да најдете прекрасни модели на прекривки за бебиња кои може да се користат за покривање или повивање на бебињата. Понатаму имаат чаршави, гнезда, подлоги за играње, разни играчки и облека.

Од облека јас си ја избрав вреќичката за спиење која постојано ја гледав по странски страни, но неможев да ја најдам кај нас. Се облекува како најобични шпихозни но наместо ногавици долниот дел се врзува во чвор. Освен што изгледа навистина многу слатко, многу е практична за полноќно менување на пелена, само се одврзува и лесно може да се пресиблече бебето. Но, освен тоа има предобри бои од кои можете да изберете како кафеава, овес, сива и розева. Со облеката може да се нарача и комплет трака или капче достапно во истите бои.

Топло ги препораќувам Baby Molla, пратката од Косово ми стигна за 2 дена исто како да сум нарачала од некоја онлајн продавница од Македонија.

Baby Molla можете да ги најдете на нивниот профил на инстаграм или да ја посетите нивната веб страница за да ги видете сите производи кои ги нудат.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите