Search here...
TOP
Соработки

Продавница за облека Sport Jo

Sport Jo е интернет продавница која продава облека за жени, поголем дел од облеката им е спортски и секојдневен (casual) стил. Но, оваа продавница е специјализирана за трудничка облека и облека погодна за доилки. Со Sport Jo имавме една соработка кога бев трудна, но за жал се откривме доста касно, во третото тромесечје од бременоста. Тогаш имаа предобри труднички памучни хеланки кои ми ги дадоа и бев презадоволна од нив. Но сега имаат навистина преголем избор на секаква трудничка облека – хеланки, панталони, фустани, маици, комбилизони, дуксери… мора да одите на нивниот профил на инстаграм и да проверете.

Откако се породив од нив добив еден пар долни тренерки. Тоа се комбинација на тренерки и панталони, така што слободно може да се додерам во нив. Бојата пастелно зелена е предобра и премодерна.

Исто така ја добив и оваа маичка која е поширока, баш како што ги сакам и ракавите се преинтересни бидејќи се подолги од вообичаено.

SportJo_trenerki

Доколку ви е потребна облека за трудници или пак сте љубител на спорстка облека посетете го нивниот профил на инстаграм и разгледајте ги моделите кои ги нудат.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите