Search here...
TOP
Соработки

Картички за бебиња од trudnici.mk

trudnici.mk karticki

Трудници.мк е профил на инстаграм посветени на создавање спомени од најмилите моменти додека си труден и достигнувањата на бебето. Тие се првите кои направија Дневник за трудници и ми е многу криво што истиот не беше излезен додека бев бремена. Морав да си водам „дневник“ или да си фаќам забелешки во една обична тетратка за работите кои ми се случија додека бев бремена. Исто така имаат и картички за трудници преку кој можете да опишете како се чуствувате или да се сликате недела по недела.

Откако се роди Зои, trudnici.mk ме контактираа за да ми дадат еден сет од нивните картички за бебиња. Во сетот има картички за одбележување на месеците на бебето, но и најслатките први моменти поминати со него. Дел од овие моменти се:

  • првиот ден дома
  • првата прошетка
  • прв пат на контрола
  • првото гугање
  • првото капење
  • првото запче
  • првите чекори
  • првиот роденден

Трудници.мк можете да ги најдете на нивниот профил на инстаграм и да си нарачате сет од картички или дневник и да си создавате спомени!

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите