Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Издавање здраствена книшка за бебе

Откако ќе се извади изводот од матична книга на родените, потребно е да извадите здраствена книшка на бебето. Здраствената книшка е потребна за да се заведе бебето како пациент кај педијатарот како и за примање на вакцините. Ние првите неколку прегледи кај педијатарот бевме со картончето за новородено кое ни го дадоа од болница додека ја завршиме процедурата за издавање на извод и здраствена книшка. Во продолжение ја објаснувам процедурата за вадење здраствена книшка:

  1. Потребно е да го пополните Образец ЗО-1 достапен на веб страницата на Фондот за здраствено осигурување.
    • Податоци за обврзникот за уплата на придонес – За пополнување на овој дел од образецот, потребно е фирмата каде што работите (преку која ќе биде осигурано бебето) да ви достават податоци (или самите да пополнат);
    • Податоци за осигуреникот – Се пополнуваат податоците на мајката или таткото, во зависност од тоа преку кој ќе биде осигурано бебето;
    • Податоци за членовите на семејството на осигуреникот – Се пополнуваат податоците за бебето
  2. Откако ќе го пополните образецот, потребно е да ви стават печат од фирмата во која работите
  3. Се купува здраствена книшка (од книжара). Во книшката може да ги пополните податоците од страна 3 (ЕМБС на бебето, податоци за носителот на ЗЛ и податоци за осигуреникот (мајката/таткото преку кој е осигурано бебето), страна 4 (адреса на живеење) и страна 5 (податоци за вработување, односно основот на осигурување;
  4. Пополнетиот образец ЗО-1, здраствената книшка и извод од матична книга на родени носите во подрачната служба во местото на живеење односно местото на работа на осигуреникот Фондот за здравствено осигурување;
  5. Од Фондот ја зеведуваат, го пишуваат бројот на здраствената легитимација и стваат печат на страна 3 и 5 од книшката.
Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите