Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Отворање породилно отсуство

Секое вработено лице има право на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, под услов ако се работи за осигурено лице кое има засновано постојан работен однос. Тоа значи дека работниот однос треба да трае непрекинато најмалку шест месеци.

Правото на надоместок на плата на товар на Фондот се остварува врз основа на поднесено барање за привремена спреченост за работа поради бременост и раѓање. Барањето можете да го симнете на следниот линк тука. Упатството за пополнување на барањето може да го погледнете тука.

Кон барањето за надоместок на плата поради бременост и раѓање (породилно отсуство), се поднесуваат следните документи:

  • Извештај за привремена спреченост за работа – образец – ИСР од избран лекар – Овој извештај се добива од матичниот гинеколог врз основа на отпусната листа од болница или картон за новородено;
  • Извод од книгата на родените за детето (копија) – Изводот доколку не го доставите ФЗОМ ќе го обезбеди по службена должност;
  • Копија од трансакциска сметка;

Горенаведените документи јас ги однесов на работа и од таму ми го пополнија барањето и ги поднесоа во ФЗОМ.

Висината на надоместокот на плата за заради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата. Надометокот за породилно се зема како просек од последните 6 месеци (доколку имате стаж од 6 месеци) или просек од последните 12 месеци (доколку имате работен стаж 12+ месеци)

Во однос на исплатата на породилното, кај мене е редовно секој месец од 10ти до 15ти се исплаќа со исклучок на Јули и Август кога каснеа 10тина дена па се исплати на крај на месец наместо на средина на месецот како вообичаено.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите