Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Прегледи на ортопед

По раѓањето на бебето па додека да прооди има три редовни контроли на ортопед. Доколку прегледот сакате да го направите во државна болница, потребно е матичниот лекар да ви даде упат за објектот каде сакате да го правите прегледот или онаму каде што има место. Јас кога требаше да го направам првиот преглед немаше слободни термини, но по консултација ми кажаа да побарам итен или приоритетен упат. Преглед на приватно исто така се закажува и може да се чека по неколку месеци кај познатите доктори како Др. Видоевск, Др. Тони Талевски и други. Прегледот кошта од 1.500-2.000 денари, додека прегледот на државно целосно го покрива осигурањето.

  1. Првиот преглед се прави на 2-3 месеци
  2. Вториот преглед се прави на 5-6 месеци (или три месеци по првиот преглед)
  3. Третиот преглед се прави откако бебето ќе прооди (ова подразбира солидно да прави чекори за да можат докторите да го видат како оди)

Првиот преглед со Зои го направивме кога имаше 3 месеци. Бевме во Поликлиника Букурешт. На прегледот докторката правеше вежби на ноџињата, ја креваше да седне, да стои. Исто така со ехо ги гледаше колкчињата дали е се во ред, односно дали се оформени јадренцата. Ние никогаш не почнавме на Зои да и ставаме широк повив на пелената. Среќа и докторката не спомна дека треба да почнеме така што се беше во ред. Ставање широк повив сеуште е препорака на многу доктори кај нас, посебно кога се работи за женско дете. Сепак јас сметав дека нема потреба да се става широк повив додека прегледот не покаже дека има некаков проблем кој ќе треба да се коригира.

Pregledi na ortopedВториот преглед го направивме на 6 месеци. Се беше во ред и ортопедот ни даде зелено светло дека Зои може да почне да седи. До тогаш покажуваше знаци дека сака да се исправи да седне, но ние се воздржувавме и  ѝ дозволувавме да седи многу кратко по што повторно ќе ја навалевме во полулегната состојба. Кога ќе ја оставевме на кревет самостојно да седи, за 10-15 секунди губеше рамнотежа и паѓаше. Но, после прегледот си ја оставивме дома да седи придружена со перници во случај да се умори и веќе за неколку дена Зои седеше сосема стабилно. Набргу потоа ја седнавме и во хранилка. Седењето за нас беше многу големо олеснување колку само е попријатно и полесно држење во седечка положба.

Вонреден преглед – Зои многу сакаше да оди, а ние да ја држиме за рачињата. Не ја форсиравме на ова, едноставно самата даваше знаци дека сака тоа да го прави. Но, по некое време приметивме дека левата нога ја врти навнатре кога стапнува на неа. Исто така, многу лица ни кажуваа дека е многу мала за да оди, дека може да и се искриват ноџињата. Поради оваа причина решивме да идеме на вонредна контрола да видиме дали е тоа нормално и дали е потребно да преземеме нешто. За преглед кај гореспоменатите доктори на приватно се чекаше по 2 месеци, па затоа повторно се решивме да идеме на државно, овој пат во Мајчин дом. На прегледот докторката ни кажа дека не е страшно, не треба да се презема ништо, но воедно да престанеме да ја водиме да оди, туку да ја пуштиме самата да ни покаже кога ќе биде спремна. Исто така ни напомена дека никако не смееме да а ставаме да оди во дубак, додека џамперот можеме да го користиме одвреме-навреме. После прегледот, се придржувавме до упатствата дадени од докторот. Среќа во тој период веќе почна да лази па како што го усовршуваше лазењето повеќе не сакаше да ја водиме за раце. Едноставно самата си клекнуваше и си продолжуваше да лази.

Третиот преглед сеуште го немаме направено бидејќи уште немаме проодено, но ќе го ажурирам постот откако ќе го направиме прегледот.

aiseesoft video converter ultimate crack

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите