Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Список на средства и лекови за патување со бебе

Во овој пост ќе објавам листа на средства и лекови препорачана од педијатар кои ги набавивме за одмор. Повеќето од нив ги земавме за секој случај и за среќа не беа искористени, но секако е добро да ги понесете.

  • Топломер
  • Супозитории (чепчиња) за температура (Eferalgan 80mg) и сируп Еfferalgan (100ml).
  • Anti-pirea лепенки за температура
  • Пробиотик (ние користиме Biogaia)
  • Darmflora plus прашоче во случај на дијареа (во аптеката ни нудеа цела паковка која чинеше 900 денари, но ние земавме едно пакетче кое чинеше 120 ден)
  • Маст Synopen или Fenistil за мачкање при убод од инсекти, најчесто комарци. Маста може да се користи и за возрасни.
  • Средство против инсекти – ние земавме Mapez спреј кој може да се користи од 0 месеци и сум задоволна. На пазарот други користени производи се спрејот од Becutan и на Chicco. Колку што истражував сите три производи се со добри критики па нема да згрешите кој и да го одберете. Единствено, во аптека ни го препорачаа апарат за комарци на Chicco кој се става во струја и демек испушта звук, но мислам не функционора зашто се разбудивме со 10тина убоди од комарци сабајлето. После земавме Raid со течност и беше подобро.
  • Електролити (Алвоген OPC шумливи или HIP PRS -4+ месеци) во случај на дехидратација која е предизвикана од топлина, повраќање или дијареја.
  • Капки/спреј за нос: Marissimo или Tonimer
  • Крема со заштитен фактор 50 – Крема имав земено од марката LA ROCHE-POSAY и сум задоволна. Кремата лесно се нанесува на мокра или сува кожа. Не е мрсна, леплива и не остава бели траги при нанесување на мокра кожа. Сепак наредна година кога малку ќе порасне би пробала со малку поевтина козметика.

Сите горенаведени производи се линкувани на различни страни за да видите како изгледа производот и која е цената отприлика имајќи во предвид дека истата зависи од аптека до аптека. Целава листа на производи би ве чинела околу 2.500-3.500 денари. Затоа гледајте да ги зимате производите со подолг рок за да можете да ги искористите и во други прилики.

Како поминавме на првиот одмор со бебе може да прочитате на следниот линк

Home with Zoe
TAGS:

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите