Search here...
TOP
Животен стил Патување

Прв одмор со бебе

Зои имаше полни 7 месеци кога за прв пат отидовме на одмор. Се решивме да идеме во Грција, на место кое е 3 часа оддалечено од Скопје бидејќи не знаевме како ќе се однесува Зои и во случај да има некој проблем да можеме побрзо да се вратиме. Се спакувавме со се што можеше да ни текне, како да треба се преселуваме, а не како да одиме седум дена на одмор.

Во посебен пост ќе пишам кој работи се потребни да се понесат на одмор, а кои не од моето искуство. Исто така, ќе објавам листа на средства и лексарства кои е потребно да се понесат за секој случај.

Тргнавме насабајле, веднаш откако се разбуди Зои и по пат поминавме одлично! Пола пат го преспа, а пола пат се занимававме со играчки и песнички. Стигнавме во Лептокарија, на местото каде што бевме сместени. Вилата имаше базен и ова беше еден од условите кога баравме понуда од агенциите затоа што сметавме дека помеѓу дремките на Зои би можеле со Дејан барем малку да поуживаме на базенот. Додека се сместиме веќе фати пладне па не можевме веднаш да идеме на море, но затоа кај базенот имаше сенка и отидовме да се избањаме. Многу внимателно и полека ја запознавме Зои со водата, ја брцнавме и она уживаше. Тој ден толку многу се радуваше и се смееше на глас што бевме ептен позитивно изненадени! Попладнето отидовме на плажа. Плажата не беше целосно песочна како што би сакала јас, имаше дел песок, дел камења, но за неа тоа беше одлично да се запознае и со двете работи. Кога стигнавме на плажа, ја фативме за рачињата и таа весело почна да оди накај морето. Патем застануваше да ја осети песокта и ќе си седнеше да си поигра со камчињата 🙂 Стигна до брегот и без никаков страв си влезе во морето.  Се плашев како ќе реагира на солта, но се покажа дека нема никакв проблем кога ќе и влезеше вода во очи или кога ќе си се напиеше од водата.

Пред да идеме на одмор повеќе блиски луѓе ми кажуваа како одмор со бебе не е одмор. Сватив дека тоа зависи од твоите очекувања пред да отидеш. Секако дека се работи за многу поразличен одмор од оној на кој сме навикнати. Не можеш да спиеш до кога сакаш, да идеш на плажа кога сакаш, да шеташ по различни места и пажи секој ден, да искачаш до касно навечер и да се забавуваш. Бебето си има одредена рутина која веќе си ја имате поставено од претходно и доколку се придржувате до таа рутина одморот верувајте ќе ви биде одличен!

Како изгледаше еден ден на одмор со бебе

  • Зои стануваше во 8 часот (по грчко време), уште од претходниот ден торбицата беше спакувана и остануваше само да ги собереме пешкирите. Станувавме и веднаш искачавме за на плажа.
  • На плажа ја пресоблакавме и мачкавме со млеко за сончање. Веднаш влагавме во море да се избањаме додека сеуште не е многу жешко.
  • Потоа се сушевме, стававме пелена и заспиваше. Спиењето на плажа е посебна приказна. Два месеци однапред на машината за бели звуци (white noise machine) и пуштав звуци на бранови за да и биде пријатно спиењето на плажа, но не ја навикнав на дерењето на дечките кои продаваат локумадес (грчки крофни) на плажа. При секое нивно поминување, дигав рака за да ме приметат, покажував кон Зои и со прстот ги шушкав и ги карав за да не викаат па да ја разбудат 🙂 Дејан се газеше од смеење зошто сум била спремна да станам и ќотек да им удрам ако ја разбудат :))) За ова време со Дејан седевме на плажа или влагавме во вода со очите залепени на неа.
  • Откако ќе станеше од спиење се бањавме уште еднаш или си одевме во зависност од тоа колку беше часот. Гледавме најкасно до 11:30 часот да си одиме од плажа па потоа се прфрлавме малку на базен каде ја облакавме во летни шпихозни за да не изгоре и дополнително ја мачкавме со крема за сончање.
  • Потоа јадење кашичка и легнување за втората дремка. Втората дремка беше баш во најтополото, некаде од 2-4 часот. Потоа ќе станеше/станевме, ручавме и идевме повторно на базен бидејќи тоа време беше целосно во сенка, додека за на плажа печеше сеуште сонце.
  • Накај 6 часот веќе беше убаво за на плажа. Таму се бањавме па ја имаше третата една дремка. Потоа знаевме да прошетаме или да останеме на плажа до покасно. Во 9 часот Зои во кревет, а ние фрламе коцки за јамб како и секој одмор.

Секој ден правевме различни комбинации, да прошетаме во друг град во близина и слично, но секогаш се придржувавме до распоредот за спиење и немавме никакви проблеми. Само на овој начин одморот со бебе може да биде прав одмор и за родителите. Поразличен одмор, но подеднаков убав како и останатите.

Бидете поздравени и имајте прекрасно лето. Ве гушкаме 🙂

Home with Zoe
TAGS:

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите