Search here...
TOP
Животен стил Рецепти

Летна тава со тиквичка и домат

tava so patlidzan i tikvicka

Оваа летна тава со тиквичка и домат ја правам многу често затоа што е лесна за јадење и е многу вкусна. Исто така многу брзо се прави, а уште побрзо се јаде 🙂

Потребни состојки за две лица:

  • 1-2 тиквички зависно од големината
  • 2-3 домати
  • сирење
  • маслчиново масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките ги лупам, ги сечкам во кругови и ги оставам во сад да отстојат 15 минути посолени за да ја испуштат течноста. Потоа ги процедувам;
  2. Доматите ги сецкам на кругови;
  3. Во тавче ги редам напоредно домат-тиквичка, домат-тиквичка;
  4. Посипувам со маслиново масло и зачинувам со сол;
  5. Тавата ја покривам со алуминиумска фолија  ги печам на 180°C;
  6. После 20-30 минути ја вадам тавата и ставам дробено сирење одозгора. Колку повеќе толку подобро;
  7. Ја враќам тавата во рерна да се допече уште 20 минути без алуминиумската фолија. Сиренцето треба да се стопи и убаво да се запече;

Добар апетит дечки!!!

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите