Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Првите денови со Зои

Zoi racinja

Зои се роди во екот на пандемијата од Корона вирусот на 02.12.2020 година во 02:00 часот по полноќ. Беше тешка 3.830 кг и долга 50 см. После пораѓајот во Гинекологија Чаир веднаш ми ја легнаа на гради и можев за прв пат да ја видам и да ја погалам. Претходно многу читав и слушав мајки кои раскажуваа за различните искуства со породувањето и првата средба со своето бебе. Како сите болки поминуваат кога ќе ја видиш, како е тоа љубов на прв поглед, колку ја сакаш од старт и слично. Искрено за мене не беше баш така. Првата помисла ми беше „добро е, жива и здрава“, но немав некои посебни чуства на љубов и емоции па да почнам да плачам од радост и среќа. Чуството повеќе можам да го опишам како збунетост, умор, олеснување. Потоа ја земаа, а мене ме однесоа во соба па си реков конечно ќе можам да поспијам.

Но после саат време почнаа да ги носат бебињата на другите три мајки со кои ја делев собата и нормално постојано едно од трите бебиња плачеше па немаше шанси да поспијам 🙂 Во 08.00 часот ја донесоа и Зои. Ја легнаа во бебешко креветче до мене. Целата беше повиена и само лицето и се гледаше. Си лежеше во креветчето а јас почнав да и зборувам. Потоа ја земав, првите слики, се слушнав со најблиските, Дејан немаше поим дека се имам породено зошто никој од болницата го немаше известено. Во 2 часот попладне се случи ЗЕМЈОТРЕС – си викам да го грабнам бебево и да бегам со него 🙂 Тоа беше прв пат, а далеку од последен да осетам страв дека нешто може да и се случи.

Во Гинекологија Чаир бебињата седеа со мајките скоро цел ден. Од 6 часот сабајле до вечер. Бебињата ги зимаа да ги најадат и пресоблечат и повторно ги враќаа со мајките. Ова од една страна е убаво, но и мнгу исцрпувачко. Посебно бидејќи немаш спиено повеќе од 24 часа, само што си породена, исцрпена си и имаш рана која боли и поради која не можеш ниту да стануваш, ниту пак да се грижиш за твоето бебе. Но персоналот беше премногу љубезен, така што доколку им кажев да ја земат дека не можам да ја чувам сигурна сум дека немаше да има никаков проблем.

Секое сабајле на визита доаѓаат доктори-гинеколози за да ги проверат мајките и доктори-педијатри за да ги проверат бебињата. Доколку е потребно даваат соодветна терапија. Вториот ден, по посетата на педијатарот рече дека се е во ред со бебето и дека може да си одам дома. На излез од болница даваат КАРТОН ЗА НОВОРОДЕНО во кои се наведени сите податоци за новороденчето како рег.бр., број на кревет, име и презиме на мајката, дата на раѓање, пол, тежина и должина на раѓање, тежина при испис, примени вакцини, начин на раѓање и слично. Во напомените, односно препораките за дома стоеше дека:
Hello world! Zoe is 10 days

  1. Најдобра храна за бебето е мајчиното млеко
  2. Доколку бебето е на ексклузивно доење потребно е да се дава Babytol D3400 IE + витамин K1 25mcg и DHA omega-3 масни киселини (100 mg) од 8-ми ден до крајот на 12-та недела. По 12-та недела се продолжува да се дава само D3 со DHA omega-3 масни киселини.
  3. Доколку бебето е на адаптирано млеко потребно е да се дава D3 во доза од 400 IE дневно и DHA omega-3 масни киселини (100 mg). Витаминот К1 не се дава бидејќи истиот веќе го има во АД млекото.
  4. Контрола на педијатар после 3 дена

Сестрата која ја облакаше ми напомена дека дома не треба да се повива бебето (нешто што за среќа не ја послушав, ама за тоа во друг пост). Дојде и Дејан со балони, цвеќе, целиот збунет и возбуден. Отидовме дома сами, ја ставивме во креветче, ја гледаме и си викаме „Леле што направивме“ 🙂

Животот повеќе нема да биде ист, но сега како што го пишувам постов после неколку месеци сваќам дека е поубав и поисполнет. Можеби немаме време за многу работи, меѓу кои и за спиење но за тоа се радуваме на секое мало достигнување на Зои!

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите