Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Првиот месец со новороденче

Zoi eden mesec

Првиот месец со новороденче можам да го опишам… еве да речеме како ИНТЕРЕСЕН. Всушност, овој период јас го делам во први две недели и втори две недели од раѓањето на Зои. Ако пораѓајот и првите два дена ги паметам кристално јасно, првите две недели искрено ми се малку заматени како црна дупка. Најголем проблем беше опоравувањето после пораѓајот, кој што траеше овие две недели. Кога се вратив од болница, во текот на првата недела стануваше се полошо и полошо додека потоа не почна да се подобрува состојбата. Јас иако бев природно породена, поради раната и конците не можев воопшто да седам ниту да стојам подолго време. Буквално се случуваше кога плачеше да ја земам за да ја смирам со клацкање и да изгубам рамнотежа, па скоро да паднам со неа. Поради оваа причина Дејан мораше да се снаоѓа и да се грижи за Зои. Среќа имаше земено 10 дена одмор од работа, таман јас да се опоравам и да можам да ја чувам сама преку ден. Овие денови Дејан  ја пресоблекуваше, стануваше на 2-3 саати за да и дава да јаде а јас одмарав и кога ќе можев станував да ги гледам и да помогнам колку можев. Од друга страна, имав помош и од Мајка ми која доаѓаше после работа да ни направи за јадење или ни праќаше зготвено од дома.

Значи како препорака до идните мајки, без одглед каков бил пораѓајот и како се чуствувате кога ќе се вратите дома потребнаќе ви биде помош додека не се опоравите и додека не осетите дека можете веќе сами да терате понатака. Во овој период посветете се на вас (како во мојот случај) или ако сте подобри на вашето бебенце.

Веќе после втората недела, раната целосно заздрави и јас се чуствував одлично! Дејан почна да иде на работа а јас останував сама дома со Зои. Имавме подобри и полоши денови, највеќе зависеше од тоа колку се имав наспано претходната вечер, имавме и моменти каде едвај чекав да се врати Дејан за од врата да му ја тупнам и да искочам малку да се „оладам“. Сепак во ниеден случај на Зои и немав покажано ниту нервоза, ниту пак физички (ова во никој случај не смее!!) да ја протресам или фрлам на кревет. Бев свесна дека бебињата се чуствуваат и со мојата нервоза само можам да и направам да и биде полошо и повеќе да плаче.

Хранење со млекоPrviot mesec

Уште кога бев во болница пробав да и дадам на Зои да цица, веднаш ми направи рани и морав да чекам барем малку да заздрават пред пак да и дадам. Првите неколку денови немав млеко па со Дејан бевме принудени венаш да земеме адаптирано млеко. Тој го спремаше млекото и и даваше да јаде. Среќа бев упорна и на крај после неколку дена дојде првото млеко и понатака продолжив редовно да и давам да цица. Адаптираното млеко продолживме да го даваме бидејќи првото млеко не можеше да ја најаде, откако почнав редовно со доење адаптирано млеко и дававме само навечер пред спиење, а ексклузивно доење после две-три недели. Целосната приказна со доењето ќе ја раскажам во посебен пост и се надевам дека моето искуство ќе им помогне на мајќите во својата приказна за доењето.

Спиење

Голем проблем беше спиењето преку ден, ретко се случуваше да спие подолго од еден час, освен кога ја возевме со кола 🙂 Навечер проблем имавме со заспивањето. Заспиваше во период од 23.00 часот до еден часот по полноќ. Некогаш се случуваше да заспие и во три часот. Добрата страна беше тоа што кога ќе заспиеше, спиеше 4-5 часа без прекин, потоа на два пати се будеше за цицање и продолжуваше да спие уште по 2 часа. Значи поголем дел од вечерите ние спиевме 8-10 часови со две будења. Приказната за спиењето исто така подетално ќе ја раскажам во друг пост заедно со сите грешки кои ние ги правевме поради кои Зои не спиеше толку добро преку ден и зошто толку тешко заспиваше навечер.

Грчеви

Грчевите мислам дека се проблем за поголемиот број на бебиња. Кај нас траеа некаде од втората недела до два месеци, но знам дека кај некој бебиња траат и до четвртиот месец. Обично најинтензивно грчевите почнуваа попладне и траеа неколку часа. Во овој период пробавме да и даваме секакви капки, сирупи и чаеви кои може да и помогнат. Сепак тоа е период кој мора да се помине.

Prviot mesec

Бањање

На почетокот потребно е многу да се внимава при одржување на хигиена на папучето. Додека да падне, ја замивавме со проточна вода, а откако целосно заздраве прв пат ја бањавме во када.

Контрола на педијатар

Првата контрола на педијатар ни беше два дена откако се роди. До крајот на месецот бевме на уште пет контоли каде се следеше растењето и килажата.

Во средината на овој прв месец почна да ја врти главата лево-десно, до тогаш беше здрвена и во која положба ќе ја оставев, во истата ќе ја најдев. Рачињата и беа стиснати во тупаници, а кога ќе го доближиш прстот, го зграчува толку силно што се чудевме од каде и е таа сила. Одвреме навреме знаеше и да се насмее, но знаевме дека повеќе се работи за некој рефлекс отколку социјална насмевка. Во текот на првиот месец многу беше исфрлана по лицето со бубулици како да е во пубертет, но за две недели целосно и исчезнаа 🙂

Во овој месец, Зои порасна 3 сантиметри и качи 600 грама сметано од исписната тежина. Заедно си ја дочекавме новата година и наредниот ден ја имавме првата прошетка во Маврово.

Какви се вашите искуства во првиот месец со новороденче? Слободно пишете во коментарите подолу 🙂

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите