Овие мафини со јаболко и морков се совршените први мафини кои може да му ги дадете на вашето бебе доколку го храните по BLW методата или за тодлер. Меки се и сунѓерести, без додаток на шекер или сол.
Од смесата за мафини ќе ви искочат 8-10 мафини или 20 ако користите мини модла за мафини.
При подготовката за рецептот морковите ги изрендав пред да ги сварам за да може да се сварат во исто време и заедно со јаболкото.
Состојки:
- 150 гр Јаболко (околу едно големо јаболко)
- 100 гр Морков
- 100 гр Банана
- 2 јајца
- 1 мала лажичка ванила (опционално)
- 50 гр стопен путер (несолен)
- 150 гр брашно
- 1.5 мала лажичка прашок за пециво
Начин на приготовка:
Исчистите го морковот и изрендајте го. Јаболкото излупете го и исечете го на коцки. Во тенџерче со вода ставете ги сецканото јаболко и изренданиот морков и ставете да се вари. Откако ќе се сварат, водата исцедете ја. Морковот и јаболкото изблендирајте ги.
Во еден сад за матење испасирајте банана со вилушка. Додадете го пирето од јаболко и морков и додадете ги јајцата, ванилата и путерот. Со миксер добро соединете ја смесата. Потоа додадете го брашното и прашокот за пециво и повторно промешајте.
Смесата ставете ја во калапи за мафини и печете 25-30 минути во загреана рерна на 180°C. Ако користите модла за мини мафини се пече околу 15 минути.
Овие мафини може да ги чувате во пластична кутија за храна до 3 дена или да ги замрзнете.