Search here...
TOP
Животен стил Рецепти

Залчиња од брокула (12+)

Рецепт - залчиња од брокула 12+ месеци | Zalcinja od brokula 12+ meseci

Кога Зои наполни годинка почна да одбива да јаде течни каши, поточно да прибира што сака да јаде. Кога и да и дадевме лепче си го држеше и џвакаше, а почна да покажува интерес и за храната која ние ја јадеме. Затоа почнав да пребарувам здрави рецепти и да експериментирам што сака да јаде. Овие залчиња од брокула беа полн погодок и затоа сакам да го споделам рецептот со вас. Во насловот имам пишано дека се 12+ бидејќи содржат јајце, па ако се водите по таблица за дохрана, целото јајце може да го воведете по 12 месеци. Но, ако се храните по BLW или имате дадено јајце порано, може слободно да си го направите рецептот и на помала возраст.

Рецепт - залчиња од брокула 12+ месеци | Zalcinja od brokula 12+ meseci

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • една рака брокула
  • рендан кашкавал
  • лебни трошки

Начин на подготовка:

Брокулата ја цепкате и ја ставате во зовриена вода малку да омекне. Доволно е 2-3 минути. Потоа може со нож да ја иситните ако бебето не е навикнато да јаде покрупни парчиња. Во сад ја ставате брокулата, едно јајце, рендан кашкавал и лебни трошки. Јас дома имав парчиња кашкавал па ги исеков на ситни коцки. Мешате убаво за да добиете тесто кое ќе може да го обликувате. Земате од тестото, правите топче и го сплескувате со раце. Ги ставате на плек обложен со хартија за печење. Печете 15 до 20 минути во претходно загреана рерна на 190°C.

Со дадените состојки мене ми искочија 4 парчиња кои си ги поделивме со Зои 🙂 Но, ако ја удвоите колината може да добиете повеќе и истите да ги замрзнете.

Се надевам дека и на вашите малечки ќе им се допаднат овие залчиња од брокула. Само погледнете на Зои колку и се вкусни!

Рецепт - залчиња од брокула 12+ месеци | Zalcinja od brokula 12+ meseci

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите