Search here...
TOP
Животен стил Рецепти

Мафини со тиквичка

Мафинките се супер за појадок и ужинка. Јас често и ги правам на Зои, а често и јас самата си поткаснувам. Ми се допаѓа што може да се замрзнат па секогаш имам спремно брза ужинка кога немам доволно време да направам нешто.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1/2 шолја брашно
  • 1/2 мала лажичка прашок за пециво
  • 70 гр кромид
  • 1/2 шолја кашкавал
  • 50 гр сланина (опционално)
  • 250 гр рендана тиквичка (водата исцедена)

Рецепти за тодлер, мафини со тиквичка

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат со маталка и се додава брашното и прашокот за пециво
  2. Потоа се додаваат останатите состојки. Доколку сакате поздрава верзија, сланината може да ја изоставите. Она што е многу важно, откако ќе ја изрендате тиквичката, посолете ја и оставете ја неколку минути. Таа ќе пушти вода, добро исцедете ја користејќи ги рацете пред да ја додадете со останатите состојки.
  3. Мешате добро да се соединат сите состојки и потоа ги претурате во калапи за мафини. Јас сакам да користам силиконски калапи бидејќи не се лепат мафинките и многу лесно се вадат.
  4. Печете 25 минути на 200°C

Еве и кратко видео од начинот на подготовка објавено на мојот инстаграм профил.

На здравје

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите