Search here...
TOP
Животен стил Рецепти

Нутела чизкејк без печење

За 31-от роденден си направив торта нутела чизкејк. Толку многу ни се допадна што после неколку дена си направивме ист чизкејк кој си го јадевме само јас и Дејан. Рецептот ми го даде другарка ми Ирена која е експерт за правење чизкејк.

Имам правено и претходно ваква торта и знам дека се прави многу лесно и нема утка. Ама нутела кремот на овој чизкејк е нешто посебно!

Потребни состојки:

За тестото

  • 250 гр мелена плазма
  • 100 гр путер
  • млеко

Бел фил

  • 400 гр АБЦ крем сир
  • 400 мл слатка павлака
  • 2 топени бели чоколада
  • 100 гр кокос
  • 1 кесичка желатин

Нутела фил

  • 200 гр АБЦ крем сир
  • 100 мл слатка павлака
  • 400-500 гр нутела
  • 1 кесичка желатин

Начин на подготовка:

  1. Мелената плазма и стопениот путер ги мешате. Треба да се добие смеса која кога ќе ја згмечите, ќе ви остане формата во рака. Доколку е потребно ставате малку млеко.
  2. Во калап за печење (оној што се отвара обрачот за да може лесно да ја сечете тортата) ја ставате смесата од плазма и убаво ја распоредувате низ калапот набивавјќи ја со прстите.
  3. Калапот го ставате во фрижидер и продолжувате со правење на белиот фил.
  4. Слатката павлака ја матите со миксер. Потоа го додавате АБЦ крем сирот, стопената чоколада и кокосот. Добро матите со миксер. На крај го додавате желатинот, матите да се соедини се и филот го распределувате во калапот, врз плазмата.
  5. Калапот со чизкејкот го ставате повторно во фрижидер и го оставате 20тина минуди да се зацврсти пред да продолжите со правење на филот од нутела.
  6. Во сад за мешање, ја матите слатката павлака. Го додавате АБЦ крем сирот и нутелата и матите додека не се соедини. На крај го додавате растопенито желатин и смесата ја распоредувате на чизкејкот. Оставете во фрижидер неколку часа за добро да се зацврсти филот.

СОВЕТ: Внимателно прочитајте го упатството за подготовка на желатинот. Треба да го оставите во сад со малку вода, потоа на оган да се растопи пред да го ставите во филот.

Се надевам дека ќе ви се допадне тортата и на вас доколку се решите да ја направите.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите