Лампионите во форма на ангелчиња ми биле омилени како дете. На интернет најдов еден направи сам проект за правење на вакви лампиони и веднаш се решив да го направам. Секако сите потребни материјали веќе ги имав дома, а изгледаат тоолку слатко!!! Ги следев постапките чекор по чекор и ангелчињата искочија одлично! Затоа сакав да го споделам туторијалот како да ги направите овие лампиончиња.
Што ви е потребно?
- дрвени топшиња со отвори од двете страни (јас моите ги имав оддамна нарачано од алиекспрес, но сигурно ги има кај нас во продавници кои продаваат материјали за правење накит)
- бел коноп (може да искористите каков било подебел конец)
- памукчиња за бришење лице (сите ги имаме дома :))
- силиконски пиштол
- ножици
Начин на изработка:
- Конопот го преклопувате на половина и го протнувате низ отворите на топчето. Горниот дел треба да служи за закачување на елката, па направете го долг колку сакате.
- Долниот дел на конопот го лепите на средина на памукчето. Кога лепите, внимавајте дрвеното топче да дојде надвор од памукот.
- Ставате лепак на десната страна на памукчето (десно од конецот) и ја преклопувате левата страна на памукчето за да се залепи
- Постапката ја повторувате и со десната страна од памукчето. Односно, лепило ставате на делот кој го свиткавте во претходниот чекор и го залепувате памукчето.
- Следен чекор е да ги направите крилата на ангелчето. Земете други памукче и исечете го на половина. Потоа со ножиците направете две заоблувања од двете страни, како што е прикажано на сликата.
- Ставете лепило на крилата и залепете ги на средина на ангелчето
Мене многу ми се свиѓа како лампиончињата изгледаат на елката. Едноставни се и многу лесни за правење.
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари