Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Единаесет месеци и првите настинки

Zoi 11 meseci

Овој месец се мачевме со настинки, со вируси и бактерии. Беше сосема очекувано дека штом почне да оди во градинка ќе почнат и овие проблеми. Посебно бидејќи во градинка почна да оди во Септември кога започнува и сезоната на вируси.

Вируси и бактерии

На крајот на минатиот месец се настина, но ние бидејќи викендот беше подобра ја пративме во градинка. Веќе во четвртокот качи температура и останавме дома. Претпоставувам дека имунитетот и беше намален и затоа веднаш фати бактерија – streptokoka pneumonia. Позитивното беше што бактеријата беше во носот, а не во грло. Иако е вакцинирана за стрептокока, сепак ја закачи оваа бактерија, но сметам дека симномите и беа многу поблаги поради примената вакцина. Имаше два дена температура 37.5 и густ зелен секрет. Педијатарот ни даде маст Microbact како локален антибиотик да ја мачкаме во носот и атибиотик Almacin. Дополнително постојано ја инхалиравме и го вадевме секретот. После една недела повторно почна да оди во градинка. Иако правеше 10 дена пауза со одење во градинка, воопшто не правеше проблеми кога ја однесовме.

Веќе на средина на месецот повторно настина, со течење и затнат нос. Но, во градинка продолжи да оди уште една недела. Веќе на крајот на месецот почна да кашла како шлајм да има. Ја однесовме на лекар и ни кажаа дека има ларингитис (инфекција на гласните жици). Ни кажаа само да правиме инхалации со солен раствор и плус да додаваме Cortair (кортико препрат). Но, направивме и бриз за присуство на бактерија и истиот повторно искочи позитивен за истата бактерија – streptokoka pneumonia. Не ни беше јасно дали минатиот пат не беше излечена или пак повторно ја имаше фатено. Во секој случај истата требаше да се третира со антибиотик повторно. Овој пат ни дадоа Citeral капки за да и ги ставаме во носот. Две недели останавме дома да се лечиме. Во овој период имаше многу намален апетит, пролив и за прв пат црвенило на газето.

Сепак, и покрај сите настинки, вируси и бактерии кои ја нападнаа Зои периодов, таа беше одлично расположена и тоа беше многу важно за нас.

СпиењеZoi 11 meseci

Минатиот месец си рековме дека конечно го надминавме проблемот со спиењето, но кога почна да се разболува многу и се имаше намалено апетотот. Единствено што сакаше е да цица, па за да се одржи хидрирана морав да ја будам навечер за да и дадам да цица. Мислам дека тоа повторно го поремети спиењето и откако беше подобра продолжи да се буди почесто и сакаше да заспива со цицање.

Ново запче

Месецов и искочи горната двојка од десна страна. Почнуваат да и никнуваат и горните две четворки и мислиме дека неспиењето навечер е поврзана со тоа. Кога се буди плаче како да ја боли нешто па знаеме да ја намачкаме со крем за да и се олесни болката.

Проодување

Зои почна да проодува. Веќе самостојно може да направи неколку чекори, со сеуште сака да се држи за раче. Периодов воопшто не ни е проблематичен бидејќи со едно раче може сосема да сме исправени и поради тоа не ни страда грбот. Мислам дека многу брзо напредува и дека веќе наредиот месец сосема ќе прооди. Тоа што посебно не радува е дека веќе не го криви левото ноџе како што правеше порано. Постепено почна да оди како што треба. При крајот на месецот почна сама да клекнува и да станува. Знае со лазење да дојде до мене или Дејан и да се исправи со влечење по облеката. Тоа значи дека сака да ја земеме во раце.

Достигнувања

Почнува да покажува со прстот на се и сешто. Ако нешто сака да земе покажува со прстот за да и го дадеме. Исто така сака да пали и гаси светла по собите. Со Дејан направивме паметна табла (bussy board) за да може да си игра. Имам посебен пост со туторијал како ја направивме паметната табла доколку ве интересира. Кога се пресоблекуваме помага, сама го пика рачето во ракав и ја крева ногата за да и облечеме кондурчиња. Почнува да си игра со коцки и разни форми да ги става во соодветните места (со мала помош секако). Земавме нови играчки со кои ќе може да ги вежба моторните вештини во идиот период, а старите играчки како тропалки ги кренавме за да не прават неред во собата. Знае да го земе телефонот и да го стави на уво, па да праави некои звуци како да муабети. Многу сака да си игра криенка, става некое парче облека или играчка пред очите и прави „ЅЕ“ ама она вика „ДЕ“. Почнува да покажува љубов, знае да дојде да се гали, да се гушка и да се мази. Си подаваме со топче напред-назад. Почнува да слуша команди, ако и кажам „Дај ми го Зои“, ми го дава предметот кој во моментот го држи во рака, јас ќе и дадам нешто друго. Со оваа игра сакам да ја научам да не биде себична и посесивна кон предметите.

Месецов не успеавме да ја измериме Зои кај педијатарот бидејќи беше болна, но почнавме да ја мериме дома. Па според нашите мерења Зои е долга 74 см и тешка 8.600 грама.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите