Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Документација за вадење прв пасош

За издавање на патна исправа напрво потребно е да се закаже термин во Министерството за внатрешни работи. МВР нудат два начини на закажување:

  • телефонско закажување на броевите 0800 192 92 (само од фиксен телефон)  и 072 92 92 92 
  • електронско закажување преку веб страницата http://termin.mvr.gov.mk/

На датата и часот од закажаниот термин потребно е да ги доставите следните документи:

  • Извод од матична книга на родените (може постар или фотокопија)
  • Барање за издавање пасош (може да го симнете на линкот или да го земете образецот директно во МВР)
  • 1.500 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 100 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

Потребно е лично присуство на детето за да може да се слика. Исто така, задолжително е присуство на двајцата родители со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација. Доколку не е можно присуство на двајцата родители потребно е да се достави согласност од родителот или уредно и заверено полномошно од родителот/старателот или доказ за старателство. За сите останати специфичности (самохран родител и слично) контактирајте со органите на МВР.

Патната исправа на дете до 4 години се издава со рок на важење од две години.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите