Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Еднократна парична помош за новороденче

Постојат два вида на еднократна парична помош за новороденче за кои може да се аплицира откако ќе се роди вашето бебе. Едната ја дава министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа, а другата општината. Важно е да се напомене дека не сите општини даваат ваков вид на помош за новородено дете.

Парична помош преку центар за социјална работа

Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство за прво и второ новородено дете, согласно измените на Законот за заштита на децата објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 104/19 на ден 23.05.2019 година, согласно кој од денот на влегување во сила на овој закон се обезбедува наведеното право. Согласно измените, за прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.

  • Висината на еднократната парична помош за прво новороденче изнесува 5.000 денари.
  • Висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува 20.000 денари.

Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче со потребна документација во прилог се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште. Барањето не мора да се поднесе лично.

Услови

  • Државјанин на Македонија

Подносителот на барањето да е државјанин на Македонија со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територијата на Македонија до денот на раѓањето.

  • Детето да е родено на територија на Македонија

Детето за кое се остварува правото мора да е родено на територија на Македонија

  • Барањето да е поднесено во законски рок

Барањето за остварување на ова право се поднесува најдоцна во рок од 3 месеци од денот на раѓањето на детето

Потребни документи

  • Барање на образец БЕППН/2 
  • Лична карта на мајката на увид
  • Мајчина книшка или Картон за новородено (се дава при испис од гинекологија)
  • Копија од извод од матична книга на родени

Средствата од овој тип на помош ми беа исплатени за неполни два месеци од аплицирањето

Парична помош преку општина

Во зависност од тоа дали и колку средства во буџетот на општината се предвидени за ваков тип на еднократна парична помош за новороденче ќе можете да аплицирате и за ваков тип на парична помош. Најдобро е да се распрашате директно во општината во која живеете дали даваат ваков вид на помош и во кој износ.

Јас бидејќи живеам во општина Аеродром, за 2020 година беше предвидена субвенција од 8.000 денари. Но во другите општини доколку даваат субвенции истите се движат околу 5.000 – 6.000 денари.

Потребни документи

  • Барање за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2021 година на подрачјето на Општина Аеродром;
  • Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето);
  • Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;
  • Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа

Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче со потребна документација во прилог се поднесува до општината на кое мајката или таткото имаат живеалиште или престојувалиште. Во нашиот случај барањето го поднесуваше Дејан и на увид даде негови лична карта и транскациска сметка. Не сум сигурна дали ако беше на мое име ќе требаше лично да одам.

Средствата од овиј тип на помош ми беа исплатени за еден месец од аплицирањето.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите