Search here...
TOP
Животен стил Рецепти

Лимон торта (Lemon cake)

Торта од лимун | Lemon cake

Тортата прв пат ја пробав кај една другарка и веднаш и побарав рецепт. Брза е за правење, лесна е за јадење, освежителна и за лето и за зима. Предобро иде во комбинација со сладолед од ванила или страчетела. Во едно парче торта има околу 400 калории.

Потребни состојки:

  • 200 гр несолен путер на собна температура
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр брашно
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 4 јајца
  • рендана кора од 1 лимун

За преливот:

  • сок од 1½ лимун
  • 80 гр шеќер

Торта од лимун | Lemon cake

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180°C
  2. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не добиете кремава смеса. Потоа додадете ги јајцата едно по едно и полека миксирајте.
  3. Помешајте ги брашното со прашокот за пециво и додадете ги во смесата. На крај додадете ја и кората од лимонот и миксирајте уште една минута.
  4. Јас го печам во тавче со дно што се вади, големина 26. Го обложувам долниот дел со хартија за печење, ја истурам смесата и со лажица ја мазнам површината.
  5. Се пече 45-50 минути. За да проверете дали е печено боцнете со дрвена чечкалица, ако излезе сува значи е ок.
  6. Откако ќе ја извадите тортата ја оставате малку да се олади, а во меѓуврме го подготвувате преливот. Во сад помешајте ги лимонот и шеќерот и со лажица сипајте низ целата површина на тортата. Претходно со вилушла избоцкајте ја тортата за да може преливот убаво да навлезе внатре. Сокот ќе се упие во тортата, а шеќерот ќе остане на горниот дел и ќе се формира убав и крцкав топинг.
  7. Откако целосно ќе се олади, може веднаш да се сервира. Ако не се изеде цела торта може да седи во фрижидер 3-4 дена или да се замрзне до 1 месец.

Се надевам ќе ви се допадне тортата, убав апетит!!! 

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите