Тортата прв пат ја пробав кај една другарка и веднаш и побарав рецепт. Брза е за правење, лесна е за јадење, освежителна и за лето и за зима. Предобро иде во комбинација со сладолед од ванила или страчетела. Во едно парче торта има околу 400 калории.
Потребни состојки:
- 200 гр несолен путер на собна температура
- 200 гр шеќер
- 200 гр брашно
- 1 пакетче прашок за печиво
- 4 јајца
- рендана кора од 1 лимун
За преливот:
- сок од 1½ лимун
- 80 гр шеќер
Начин на подготовка:
- Рерната загрејте ја на 180°C
- Со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не добиете кремава смеса. Потоа додадете ги јајцата едно по едно и полека миксирајте.
- Помешајте ги брашното со прашокот за пециво и додадете ги во смесата. На крај додадете ја и кората од лимонот и миксирајте уште една минута.
- Јас го печам во тавче со дно што се вади, големина 26. Го обложувам долниот дел со хартија за печење, ја истурам смесата и со лажица ја мазнам површината.
- Се пече 45-50 минути. За да проверете дали е печено боцнете со дрвена чечкалица, ако излезе сува значи е ок.
- Откако ќе ја извадите тортата ја оставате малку да се олади, а во меѓуврме го подготвувате преливот. Во сад помешајте ги лимонот и шеќерот и со лажица сипајте низ целата површина на тортата. Претходно со вилушла избоцкајте ја тортата за да може преливот убаво да навлезе внатре. Сокот ќе се упие во тортата, а шеќерот ќе остане на горниот дел и ќе се формира убав и крцкав топинг.
- Откако целосно ќе се олади, може веднаш да се сервира. Ако не се изеде цела торта може да седи во фрижидер 3-4 дена или да се замрзне до 1 месец.
Се надевам ќе ви се допадне тортата, убав апетит!!!
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари