Search here...
TOP
Игри и активности Мајчинство

DIY играчка од пластични шишиња и цевки

Периодов Зои многу ја интересираат шишиња. Сака да ги отвара капачињата, да ги затвара и тоа и одзема многу внимание. Откако некое време ја набљудував и го заклучив тоа, решив да и даправам една едноставна DIY играчка со која ќе може да ја вежба новата вештина.

Земав три шишиња кои ги исеков и ги залепив на еден картон. Исто така десетина цевки ги исеков на четвртинки. И го дадов картонот со шишињата, капачињата и цевките. Веднаш ја разбра играта и почна да ги пика цевките во шишињата и да ги затвара капачињата. Играчката беше полн погодок бидејќи можеше да вежба две вештини оддеднаш. Веќе долго време знае да си игра со оваа играчка. Пробајте ја и вие дома.

Доколку не е доволно јасно од описот, еве и кратко видео како ја направив играчката.

 

Home with Zoe
TAGS:

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите