Search here...
TOP
Мајчинство Совети

Зошто да користите вреќа за спиење

Вреќа за спиење од tinyangels

Откако ќе се роди бебето, можете да го повивате или да го покриете со ќебенце и да бидете сигурни дека истото ќе остане покриено цела вечер. Но, како што расте прво ќе почне да се превртува, па да клоца, да седнува, лази и станува. Со самото тоа станува невозможно бебето да биде покриено. Зои имаше 9 месеци кога помина летото и кога времето се залади за да е потребно да ја покријам навечер. Во овој период ја преместивме да спие во нејзината соба сама и беше потешко да ја ѕиркам за да видам дали е покриена. Затоа се решивме да земеме вреќичка за спиење.

Предности кои ги нуди вреќата за спиење

Според мене, вреќичка за спиење е must have производ за бебиња над 6 месеци и тодлери. Всушност, вреќичката за спиење се препорачува да се користи од 6 недели (бебето да има минимум 4 кг). Вреќичката за спиење нуди повеќе предности:

Вреќичка за спиење tiny angels

  • Обезбедува бебето да остане на константна температура и да не се препоти
  • Бебето може да се движи во вреќичката, да се тркала и да ги клоца нозете
  • Ако треба да го нахраните вашето бебе, нема потреба да го вадите од вреќата за спиење
  • Повеќето вреќички за спиење се отвораат со патент, што овозможува многу лесно да се пресоблече во текот на ноќта
  • Бебето ја поврзува вреќата за спиење со мирен ноќен сон, што значи дека стануваат дел од рутината за спиење
  • Со користење на ќебиња, бебињата може да се заплеткаат при вртењето или да се покријат преку глава што претставува опасност од СИДС (Синдром на ненадејна смрт кај дете). Од друга страна, вреќичките за спиење се далеку побезбедна алтернатива за бебето затоа што рачињата му се слободни
  • Вреќичките за спиење се дизајнирани да се користат сами (без ќебиња или прекривки).

Што е TOG и како да се избере соодветна вреќичка за спиење?

Ознаката TOG на вреќата за спиење ја одредува неговата дебелина и колку е топла. Колку е повисок рејтингот на TOG, толку е потопло во вреќата за спиење. Вообичаено 1 TOG се смета за летна вреќичка за спиење а TOG од 2.5 за зима. Но, секако треба да ја прилагодите облеката што ја носи вашето бебе одоздола. На пример, во многу топло време, може да се носи само пелена или боди со кратки ракави, додека во поладно време, можеби ќе му треба боди и шпихозни. На следната слика е прикажано која големина на TOG и каква облека е препорачлива согласно временските услови или температурата во собата.

ТОГ графикон вреќа за спиење

Големина на вреќичката за спиење

Секогаш избирајте вреќа за спиење соодветна за возраста и тежината на вашето бебе. Важно е да не го ставате бебето во преголема вреќа за спиење. Ако вреќата за спиење е премногу голема, бебето може да се вовлече со главата внатре во торбата и да заврши заробено внатре. Обично доаѓаат во три големини: 0-6 месеци, 6-18 месеци и 18-36 месеци, иако точните големини ќе варираат помеѓу брендовите.

Вреќичка за спиење tiny angelsНашето искуство со вреќичката за спиење на Tinyangels

Веќе споменав погоре дека вреќичка за спиење почнавме да користиме кога Зои ја преместивме да спие во нејзината соба. Во овој период таа активно лазеше и почна да се подига и да стои на мебел. Па така, секој пат кога ќе се разбудеше веднаш се превртуваше на стомак, се подигаше на оградата на креветчето и стануваше. Ние моравме да идеме во собата и да ја легнеме за да презаспие бидејќи самата едноставно не знаеше да си легне. Ова се случуваше повеќе од 4-5 пати во текот а вечерта и веќе ни претставуваше проблем. Вреќичката за спиење првенствено ја земавме затоа што постојано преташе во спиење и се откриваше, па ни беше страв да не се прелади. Секако си ја заврши својата улога и јас сум презадоволна. Но, бонус беше тоа што и беше потешко станувањето, па брзо ја смени таа навика на станување и многу подобро спиеше во текот на вечерта.

На инстаграм страницата на tinyangels.mk може да најдете прекрасни дизајни на вреќичките за спиење. Дефинитивно најубавите кои се продаваат кај нас. Јас сум презадоволна од квалитетот на вреќичката за спиење и ги препорачувам на сите.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите