Ова е еден предлог на сензорна активност каде за прв пат се запознаваме со концептите топло и ладно. Секако не очекувам 9 месечно бебе веднаш да разбере што е ладно, а што топло, но е интересна активност за љубопитните дечиња.
Потребно ви е:
- 2 пластични шишиња
- ладна и топла вода
Едното шише го полните со ладна вода (може и со мраз), а другото со топла вода (доволно топла да можете без проблем да го држите во рака). Шишињата ги давате на бебето да ги истражува, а вие може да се релаксирате со кафенце и да го следте како се забавува 🙂
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари