Fit Baby Spa не поканија да ја испробаме нивната спа специјално наменета за бебиња и нивните родители. Зои уживаше во хидротерапијата во специјална кадичка (базенче), а потоа си доби и убава масажа.
Хидротерапијата има бројни бенефити:
- ги намалува и спречува грчевите
- го подобрува психомоторниот развој
- ги зајакнува мускулите и коските (бебињата побргу проодуваат)
- се зголемува капацитетот на белите дробови
- се зголемува апетотот
- се подобрува сонот
- релаксира
По зголемување на циркулацијата во крвта и ослободување на мускулите со хидротерапијата, телото на бебето е подготвено за масажа. Масажата помага со тегобите од грчеви и вадење заби, но има и други бенефити како релаксација, подобрување на спиењето, накачување на тежина, подобрување на циркулацијата и слично.
Вработените во Fit Baby Spa се сертифиирани терапевти. Тие се премногу љубезни, внимателни и грижливи. Се гледа дека работат со многу љубов и внимание.
Доколку имате можност топло ви препорачувам да ги посетите Fit Baby Spa. Имаат можност за спа третман за мајката и бебето во исто време!
