Во време на паметни телефони, постојат одредени апликации кои го олеснуваат секојдневието на една мајка. Во овој пост сакам да ги споделам апликациите кои највеќе ги користам кога е во прашање Зои.
Baby Care – Ова е апликација за бележење на секојдневни настани поврзани со бебето. Може да се бележи хранењето на бебето, со доење, измолзување, давање адаптирано млеко или цврста храна. Потоа се бележи секое менување на пелена со информација дали пелената е мокра или какана. Можете да го бележите спиењето на бебето навечер и за време на дневните дремки. Исто така, се бележат и активности како бањање, шетање, играње и друго. Има и опција да се бележи висината, тежината и голмината на главата како и давање на лекарства како на пример пробиотик, Д3 и омега капки, капки за грчеви и слично. Во првите три месеци го бележев секое хранење. Ова ми беше од голема помош затоа што ако видов дека е поминато 1-2 часа, а бебето кенка, дека е можно да е гладно. Исто така го бележев и менувањето на пелени и давањето на витамините и капките за грчеви за да не изумам да дадам во текот на дента. Подоцна, после третиот месец апликацијата претежно ја користам за да го мерам спиењето на бебето со цел да внимавам на прозорецот на будност и да имам во предвид колку време траат дремките и спиењето навечер. Дизајнот на апликацијата е одличен и е многу едноставна е за користење. Истата е бесплатна за симнување и има многу суптилни реклами кои воопшто не сметаат. За корисниците на Android телефони истата може да се симне на линкот. На Apple store не можев да ја најдам, но како одлична замена е Huckleberry: Baby & Child достапна на двете платформи или било која друга baby tracker апликација. | |
The wonder weeks app – Апликацијата се однесува на скоковите во развојот. На апликацијата креирате профил за бебето каде го наведувате терминот за пораѓање и според овој податок апликацијата ви креира графикон каде може да видите кога бебето е во скок во развој. Исто така, на кратко е даден опис на секој од скоковите во развојот. Апликацијата е достапна на Google Play и App Store. Таа се плаќа еднократно за користење и кошта околу 5 долари. Сметам дека е инвестиција која се исплаќа затоа што во периоди кога бебето се однесува почудно или плаче повеќе од вообичаено, добро е да знаете дека постои причина за тоа негово однесување. Доколку ве интересира нешто повеќе околу скоковите во развој топло ви препорачувам да ја прочитате книгата The Wonder Weeks: A Stress-Free Guide to Your Baby’s Behavior. | |
Baby Sleep – Оваа апликација содржи звуци кои ги смируваат бебињата. На почетокот, додека не го земавме апаратчето за бели звуци оваа апликација ни беше многу користена. Ја користевме дома, но и кога се шетавме надвор во количка и ги пуштавме звуците за да се смири и заспие. Има звуци од природа, сообраќај, работи во домакинството како фен или правосмукалка, бели звуци и приспивни песнички. Постои и тајмер кој може да го подесите за да престане звукот што за мене беше многу корисно. Апликацијата е бесплатна за симнување на Google Play. Во App Store не успеав да ја најдам, но секако ќе најдете соодветна замена. | |
Fever Coach – Кога Зои ми крена температура, после примање на вакцина ја открив оваа апликација. Ова беше се што ми требаше во овој момент. Има можност за внес на температурата на детето, потсетник за да се мери температурата на секој саат, совети кога да се дава лекарства…Исто така на апликацијата се запишува какво лекарство имате дадено и во колку саат за да не заборавите кога треба да се даде наредна доза. Исто така има поле каде одбележувате доколку е примена одредена вакцина во последните 24 часа. Дефинитивно апликација која ќе остане во мојот мобилен, посебно бидејќи набргу ќе почне да иде во градинка, па за жал ќе ми биде доста користена. Апликацијата е достапна на Google Play. На App Store за жал не ја најдов. Можете да ја пробате апликацијата Body Temperature App For Fever, која случајно ја пребарав, но мене лично не ми е тестирана. | |
1 Second Everyday: Video Diary – Секој ден снимам видео од Зои кое покасно го додавам во оваа апликација. Видеата од секој месец ги симнувам и ги чувам во мобилниот. На овој начин во 30 секунди можам да видам колку Зои е порасната тој месец како и најинтересните и најважните моменти со неа. Апликацијата е бесплатна за симнување на Google Play и App Store. Единствено се плаќа доколку не сакате да седи логото, но јас со друга апликација за едитирање на видеа го сечам тој дел. Исто така премиум верзијата овојзможува додавање видеа подолги од 1 секунда како и музика. |
Како последна апликација која доста ја користиме е VIBER. Оваа апликација со Дејан ни служи како бебе монитор кога сме надвор од дома а Зои спие. Се уклучуваме на повик и едниот телефон го ставаме во собата каде спие Зои со вклучена камера и глас, а другиот телефон е со нас со исклучен микрофон. Одлично функционира 🙂 Сепак, постојат и неколку апликации кои се наменети да функционираат како бебе монитор, но ние немавме резервен паметен телефон кој не го користиме за да ни биде функционално и поради тоа моравме да купиме бебе монитор. Доколку ве интересира, постојат повеќе вакви апликации: BabyCam – Baby Monitor Camera, Baby Monitor Saby. 3G & Wifi video Baby camи други.
Се надевам овие информации ќе ви бидат корисни. Дефинитвно треба да си го олесниме животот со вакви апликации, знам дека мене многу ми помагаат!
Доколку користите некоја апликација која вас ви е многу корисна, а не е спомната во листата ве молам споделете ја со мене во коментарите подолу 🙂