Мафинките се супер за појадок и ужинка. Јас често и ги правам на Зои, а често и јас самата си поткаснувам. Ми се допаѓа што може да се замрзнат па секогаш имам спремно брза ужинка кога немам доволно време да направам нешто.
Овие мафини со јаболко и морков се совршените први мафини кои може да му ги дадете на вашето бебе доколку го храните по BLW методата или за тодлер. Меки се и сунѓерести, без додаток на шекер или сол.