Лампионите во форма на ангелчиња ми биле омилени како дете. На интернет најдов еден направи сам проект за правење на вакви лампиони и веднаш се решив да го направам. Секако сите потребни материјали веќе ги имав дома, а изгледаат тоолку слатко!!!
Паметна табла е најдобрата бебешка сензорна играчка. Тоа е табла на која се наоѓаат многу работи што бебето или мало дете може да ги допре, сврти, отвори, затвори, притисне, лизга, префрлува – и многу повеќе. Во постот ќе прочитате како ја направиме сензорната табла за Зои и повеќе идеи што се може да вклучите доколку се одлучите да направите и вие!