Search here...
TOP
Животен стил Рецепти

Бомбици од боровница

Topcinja od borovnica | Топчиња од боровница за доричек

Овие вкусни бомбици од боровница се одличнна опција за доручек за тодлери. Направени се со овесни снегулки, боровница и путер од кикирики и се здрава опција за возрасни и за деца.

Состојки:

  • 1 шолја / 110 гр овесни снегулки
  • 1 шолја / 150 гр замрзнати боровинки
  • 1 супена лажица путер од кикирики (или било каков путер од јатки)
  • 1/3 шолја / 25 гр кокос

Доколку децата јадат по благо, а сеуште сакате да биде здраво, може да додадете неколку урми, лажица мед или јаворов сируп.

Topcinja od borovnica | Топчиња од боровница за доричек

Начин на подготовка:

  1. Овесните снегулки, боровинките и путерот од кикирики го додавате во процесор за храна. Блендирате додека не се соединат состојките и добиете дебела смеса. Го додавате кокосот и промешувате.
  2. Со раце земате од смесата и формирате топчиња. Топчињата можете да ги извалкате во кокос

Чување на бомбиците

Бомбиците може да ги чувате во сад со поклопец до два дена во фрижидер или да ги замрзнете до еден месец.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите