Уште кога бев трудна со Зои 100% бев убедена дека ќе дојам. Сакав да дојдам од една страна поради тоа што е најздраво за бебето, а од друга страна беше финансискиот аспект на купување адаптирано млеко. Не ми поминуваше на памет дека е можна друга алтернатива. Но, не бев свесна дека доењето носи големи предизвици кои потребно е да се поминат за да се осетат бенефитите или емоционалниот аспект на поврзаноста на мајката со бебето.
Кога бев во болница пробав да и дадам на Зои да цица, веднаш ми направи рани и морав да чекам барем малку да заздрават пред пак да и дадам. Среќа во торбицата за во болница ја носев Purelan кремата и електрична пумпа за одмолзување. Првиот ден немав млкеко, но си реков рано е ќе дојде. Се мачкав со кремата и со пумпата стимулирав цицање бидејќи беше далеку помалку болно отколку бебето да цица.
Во соба бевме 4 жени. Целиот персонал, доктори и сестри редовно доаѓаа на посета и не поттикнуваа да им даваме на бебињата да цицаат цело време. Едната од жените со која ја делев собата, инаку мајка по втор пат, беше ужасно разочарана што наместо млеко и тече некаква густа жолтеникава течност. Таа се жалеше на докторките, викаше дека нема млеко и дека исто како и првото дете нема да му дава да цица, дека ќе го храни со адаптирано млеко. Јас иако мајка по прв пат, добро истражував претходно за да знам дека таа жолтеникава течност се вика Колострум, тоа е првото млеко кое е најздраво за бебето затоа што ефективно го заштитува бебето од инфекции и болести. Иако докторитеи го кажаа тоа, мајката беше убедена дека нема да дои. Искрено се надевам дека се има предомислено!
Кога се вратив дома, во првите 4-5 дена воопшто немав млеко. Ја ставав Зои на града, постојано се измолзував со пумпата, но млеко немаше. Почнав да се разочарувам затоа што нели бев убедена дека ќе дојам ама млеко немав. Како што почна да ме презема разочарувањето, болките после пораѓајот и уморот ми беше страв да не западнам во постпородилна депресија. Па една вечер си реков: „Драгана, џабе ќе се нервираш, ако сака да дојде млеко ќе дојде, ако не здравје, алтернатива на мајчино млеко има, па нема да биде ни прва ни последна која е израсната на адаптирано млеко“.
Секако овие денови Зои мораше да пие адаптирано млеко, немавме друг избор. Млекото и го дававме во шишенце со специјална цуцла која е наменета за бебиња кои се хранат со доење. Ова го правевме бидејќи не сакав доколку дојде млекото бебето да не сака да цица затоа што му е полесно да влече преку шишенце. Но јас продолжив да ја користам пумпата постојано и бев упорна кога конечно целото тоа малтретирање се исплатеше и млекото дојде. Кога го видов колострумот се израдувавме со Дејан и брзо собравме неколку капки во една лажичка за да и дадеме на Зои од најздравото млеко. Неколку дена се измолзував само со колострум и и дававме да до пие. Но, бидејќи беше стара неколку дена знаевме дека тоа млеко нема да и биде доволно, па продолживме и со одредена количина на адаптирано млеко додека се воспостави добра лактација. После 1-2 недели Зои беше ексклузивно на доење.
Можам да кажам дека благодарение на пумпата за одмолзување и специјалната цуцла за хранење на доенчиња на МЕДЕЛА јас имам успешна доенечка приказна.
Откако почнавме со екслузивно доење почнаа другите проблеми. Уффф дечки доењето не е лесна работа, секаде читав колку треба да биде пријатно чуството и дека е момент каде се поврзуваш со бебето на повисоко ниво. Ама никаде не прочитав колку е болно на почетокот или некој совет како да се надмине и издржи тоа. На почетокот ми требаа 5-6 минути додека се спремам за доење, за болката која следи. Најмногу болеше првиот контакт, додека да се створи вакумот од устата на бебето. Во овие периоди знаев да и дадам да цица и со силиконска брадавица, посебно кога имав ранички поради кои дополнително болеше. Но, болеше и кога бебето не цицаше, посебно надвор на ладно. Не успеав да најдам некој совет или да ми каже некој колку трае овој период. Додека бев бремена посетував еден курс на Здраво бебе, иако многу ми помогна, таму акцнтот беше ставен на бебето, не на мајката. Секако имаше крај, со текот на времето се привикнувавме заедно и болките се повеќе се намалуваа додека конечно не исчезнаа. Приодов кај мене траеше месец до два месеци.
За крај сакам да кажам дека не осудувам ниена мајка во однос на тоа како се решила да го храни своето бебе. Секоја мајка го прави она што смета дека е најдобро за бебето и за неа. Знам дека има многу мајки кои дале се од себе, но не успеале да дојдат. Воопшто не е за осуда доколку мајката од старт одлучи, поради било која причина да не дои, тоа е нејзин избор и треба да се почитува. Со овој пост сакам да ја споделам мојата доенечка приказна и моето лично искуство со доењето. Се надевам дека нема да ве обесхрабам, туку напротив ќе ве мотивирам да се потрудите и да не се откажувате многу лесно. Сепак добро е да се едуцирате на темата и да издржите бидејќи на крајот на денот вреди. Сега уживам додека ја дојам Зои. Конечно се појави тоа убаво чуство за кое толку многу читав и ми збореа!
Производите кои ги користев и кои ми помогнаа во доењето се на МЕДЕЛА, додека соодветна едукација и корисни совети за поддршка во доењето може да побарате на инстаграм профилот Доење со љубов.
Како беше вашето искуство со доењето? Со кој предизвици се сооч