Ова е проблем со кој се соочуваат сите новороденчиња и е вистински предизвик за родителите бидејќи не можеме многу да направиме за да им помогнеме. Постојат неколку начини како може да му се ублажи болката за кои ќе зборувам во овој пост. Но прво сакам да кажам дека секогаш треба да внимавате на периодот кога се јавуваат овие коилки, односно на можноста бебето да е во скок во развој па затоа да плаче и да е вознемирено. Океј ни јас не ја правев оваа разлика ама чисто да се знае дека не секогаш плачењето на бебето значи дека има болки и грчеви 🙂
Кај нас грчевите траеа некаде од втората недела до два месеци, но знам дека кај некој бебиња траат и до четвртиот месец. Обично најинтензивно грчевите почнуваа попладне и траеа неколку часа. Во овој период пробавме да и даваме секакви капки, сирупи и чаеви кои може да и помогнат. Па сакам да споделам што функционираше а што не кај нас.
- Чаеви
Најпрвин почнав да пијам чај направен од ким бидејќи кимот ги ублажува болките (не за џабе е главна состојка кај многу капки и чаеви против грчеви). Ова мислам дека не ни помогна. Пробав и на неа да и дадам чај од ким ама не видовме некои резултати.
- Термофор
Постојат повеќе видови, некои се полнети со трици и слично па се загреваат и се ставаат на мешето на бебето за да му дојде топличко. Јас земав во аптека термофор со некоја смеса и паричка внатре. Паричката кога ќе ја стиснеш доаѓа до реакција и сместата од течна станува тврда и се загрева. За повторна употреба термофорот треба да се стави во топла вода. Кај нас немаше некои подобрувања, но можеби вас ќе ви помогне, секое бебе е индивидуално.
- Пробиотик
Пробиотик (BioGaia) почнавме да даваме уште од самиот старт и продолживме да даваме до 6+ месеци. Ваков пробиотик ќе ви кажат да земете и педијатарот па и патронажната сестра
- Капки за грчеви
Прво ги земавме COLIEF капките. Во упатството е наведено како да се користат капките. Максимум капки на ден може да се даваат 28 и истите треба да се распределат меѓу оброците. Пример по 4 капки ако се храни по 7 пати на ден или по 2 капки ако се храни повеќе од 7 пати. Капките може да се стават во шишенцето со АД или во лажиче да се измолзиш неколку ml (што за мене беше невозможна мисија без пумпа). Поради оваа причина јас капките и ги давав директно во уста 2-3 капки и ја ставав веднаш да цица. Овие капки делумно помогнаа но не бев многу задоволна.
Потоа ги земавме капките ESPUMISAN. Овие капки се даваат директно од лажиче пред доење по 25 капки (1ml). Ги давав два до три пати на ден Можам да кажам дека овие капки нас повеќе ни помогнаа од КОЛИЕФ-от и ви предлагам да ги почнете прво нив затоа што се 3 пати поевтини. Доколку не функционираат може да преминете на другите.
- Сируп за грчеви
Во исто време додека ги дававме капките EPSUMISAN почнавме да го даваме и сирупот за грчеви Nurse Harvey’s. Сирупот е навистина одличен. Јас сум сосема задоволна од него и како делуваше. Се дава два пати на ден по 5мл. Во пакувањето има и дозерка за лесно мерење. Нас некако 5мл ни се чинеше многу па ја преполувавме дозата.
- Вежби
Најважното од се е редовно да правите вежби на бебињата со подигање на ноџињата нагоре за полесно да може да ги испуштаат гасовите. Ова го правевме сигурно 10 пати на ден. На секое пресоблекување, пред спиење и нормално кога ќе приметевме дека се грчи со ноџињата нагоре.
Ова се работите кои ние ги пробавме да и ги дадеме на Зои. Вие сами ќе си оцените што треба да и дадете и како ќе се справите со овој предизвик. Како што пишав и погоре, сигурна сум дека во одредени моменти кога плачеше не беа грчеви, туку беше поминување во скок во развој или и двете. Во овој период важно е да си се гушкате и да си се храните кога ќе посака. Зои најдобро се смируваше кога цицаше.