Search here...
TOP
Игри и активности Мајчинство

Есенска Магија со лепење листови на дрво (со вклучен темплејт)

Есенските денови се совршени за креативни активности користејќи природни материјали. Доколку сакате едноставна и интересна есенска активност со која ќе ја побудите креативноста на децата, во овој блог пост ќе ви покажам како да создадете прекрасна есенска уметност во која изработка ќе уживате двајцата.

Потребни Материјали:

  • Темплејт од дрвото (можете да го преземете од тука или да го нацртате рачно)
  • Суви есенски листови
  • Лепак за дрво
  • Четка

Упатство:

  1. Соберете неколку листови од дрво и оставете ги да се исушат преку вечер
  2. Темплејтот од дрвото испечатете го. Има два темплејти кои може да ги изберете. Едниот е во боја, другиот е црно-бел и може го боите сами. Дколку немате печатач, може да нацртате дрво на хартија.
  3. Листовите од дрвото добро изгмечете ги и изронете ги
  4. Ставете мала количина од лепакот во некој сад и со четка земете од лепакот и нанесете на гранките од дрвото
  5. Наросете од исушените парчиња листови врз дрвото.
  6. Листот хартија истресете и вишокот ливчиња ќе паднат. Ќе останат само листовите кои се залепени на лепакот.

Сега, вашата уметничка активност “Есенска Магија” е спремна за да го украси вашиот дом или да биде подарена на некоја посебна личност. Ова е прекрасен начин да го зачувате чудото на есента и да ги воведете вашите деца во уметничкиот свет на природата.

Уметничка Активност и Развој на Детските Вештини:

Како родители, секојдневно го поддржуваме развојот на нашите деца. Оваа активност не само што им овозможува на децата да ги изразат своите креативни способности, туку и им помага во нивниот физички и когнитивен развој. Во продолжение се неколку начини како оваа есенска активност може да биде корисна за развојот на децата:

Развој на Фина Моторика: Процесот на лепење на листовите на дрвото бара прецизност и контрола на движењата на прстињата. Ова помага во подобрување на фината моторика кај децата и ги подготвува за вештини како пишување и цртање.

Креативност и Изразување: Децата имаат можност да ги изразат своите идеи и уметнички таленти преку аранжманот на листовите и создавањето на уметнички дизајн. Ова ги поттикнува на креативност и фантазија.

Воведување во Природата: Оваа активност ги воведува децата во светот на природата и ги подобрува нивните способности да ги забележуваат и апсорбираат природните феномени околу нив. Освен тоа, ги поттикнува на истражување на есенската природа.

Развој на Концентрација и трпеливост: Детската активност на лепење на листови на дрво може да го подобри нивниот капацитет за концентрација и трпеливост. Процесот на лепење бара внимание и волја да се заврши одредена активност.

Активност со лепење, листопадно дрво од природни материјали

Јас и Зои многу се забавувавме креирајќи ја оваа уметност. Се надевам дека ќе ја пробате оваа активност како начин за забава заедно со своите деца. Не заборавајте да ги фотографирате творбите на вашите мали уметници и да ги споделите со мене на Instagram.

Среќно уметничко творење!

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите