Search here...
TOP
Направи сам

Отпечатоци од раце и нозе

Направи сам стапалки за бебе

Ова се handmade отпечатоци од рачињата и ноџињата на Зои кога имаше три месеци. Направени се со многу едноставно тесто од три состојки кое ќе го споделам со вас. Вистинскиот предизвик во овој DIY проект беше да се направат совршените отпечатоци, посебно на рачињата кои сеуште се стиснати во тупаници и кои многу тешко може да ги отвориш. Добрата работа во тестото е што може повторно да го замесиш ако не искочат добро отпечатоците. Ние имавме 5-6 обиди додека се направат добри отпечатоци ама во тоа е забавата 🙂

Потребни состојки:

  • 230 гр сода бикарбона
  • 60 гр нишесте (густин)
  • 180 мл вода

Потребни алатки:

  • сукало
  • чаша

Чекор 1: Трите состојќи се додаваат во тенџерче и се вари на среден оган постојано мешајќи. Кога ќе биде готово, смесата треба да изгледа како пире.

Чекор 2: Смесата се става во сад и се покрива со стреч фолија да отстои 20 минути до половина час за да се излади, а да не се исуши.

Чекор 3: Откако тестото ќе се олади време е за месење. Работната површина ја попрскувате со нишесте (густин) и почнувате да го месите тестото додека не стане глатко и хомогено. Потоа со сукало го развлекувате целото тесто или можете да го поделите на неколку дела (јас вака направив) и да ги расукате посебно. Дебелината на тестото треба да биде отприлика 0.5 до 1 сантиметар.

Чекор 4: Земете некоја чаша или модла со отвор доволно голем да може да ги собере отпечатоците од рацете и нозете. Стиснете ја чашата врз тестото за да го исечете. Остатокот од тестото слободно можете повторно да го замесите и да ги повторите чекор 3 и 4.

Чекор 5: Забавата може да започне. Ако некој успее од прва да ги направи совршените отпечатоци нека ми пише 🙂 Значи на исеченото тесто ја притискате ногата или раката на бебето/детето. Стискате колку што е потребно за да се направи отпечатокот.

Чекор 6: Ова е последниот чекор каде што се пече или подобро кажано се суши тестото на многу ниска температура. Рерната уклучете ја на 70-80 °C и печете 90 до 120 минути додека не се исуши обликот.

Оние кои ќе се решат да го направат овој направисам проект ќе видат дека тестото е многу интересно за работа. Тестото е како гума и мислам дека може да биде многу интересно да го направите за да си играат и поголеми дечиња. Може да додадете и прехрамбена боја за да го обоите тестото и да биде уште по интересно.

Доколку се решите да го направите тагнете ме на Инсаграм или пратете ми во порака да видам како ви искочило 🙂 🙂

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите