Search here...
TOP
Зои Мајчинство

Десет месеци посветени на адаптација

Зои има 10 месеци

Месецов е посветен на адаптација. Зои се адаптира да иде во градинка како нова фаза во нејзиниот живот, а јас се адаптирам да се вратам на стариот живот – одењето на работа. Адаптацијата на Зои во градинка траеше три недели. Мислам дека одлично помина целиот тој период и сум многу горна на моето мало бебе.  Повеќе околу самата адаптација во градинка ќе пишувам на посебен пост кој може да го прочитате тука.

Ново забче

Ново четврто запче и никна на Зои. Досега забите лесно ги вадиме, но веќе наредните тројки и четворки ќе бидат се потешки. Со четири заби станува проблем цицањето. Во случај да ве гризне, не треба да стиснете заби и да ја трпите болката, туку слободно да дадете на знаење дека ве боли и дека не треба повеќе така да прави. Но и да не гриза, знае поцврсто да притиска со вилицата и не е многу пријатно чуството.

Спиење

Зои зајче 11 месеци

На почетокот од месецот го преместивме креветчето во децката соба и почна сама да спие во креветче во својата соба. На почетокот, бидејќи не беше навиката се будеше многу често и беше многу напорно да стануваме и да одиме до нејзината соба за да презаспие. За тоа време се расонувавме и потешко и ние презаспивавме. Но бевме упорни и направивме две работи кои имаа ефект:

  1. Почнавме сама да ја оставаме да заспие во нејзината соба, наместо да бидеме до неа за кога ќе се разбуди да не очекува да бидеме таму. По завршување на рутината за спиење, полузаспана ќе ја оставев во креветче, ќе и посакав добра ноќ и си излегував од собата. Ја следевме преку бебе-мониторот, па ако се разбудеше и станеше, влегувавме во собата да ја легнеме и повторно излегувавме. Тоа го повторувавме додека конечно не заспиеше.
  2. Втората работа е што почнавме да и даваме вечера пред да си легне и цицање како дел од рутината за спиење

Ефектот беше постигнат. Таман во периодот кога почнав да идам на работа конечно почна да спие одлично! Легнуваше во 7 часот, стануваче во 3 часот по полноќ за цицање и продолжуваше до 6-6:30 часот. Тоа траеше неколку недели и кога конечно рековме дека го надминавме проблемот со спиењето почна да се разболува и повторно се се поремети.

Првата настинка

Откако почна да иде во градинка знаевме дека е само прашање на време пред да почне да се разболува. После третата недела од одењето во градинка почна да и тече и да и се затнува носот. Купивме инхалатор и почнавме со инхалации. Крена температура 37°C до 38°C. На оваа температура не и дадовме никаков сируп бидејќи нема потреба, само ја следевме да не се покачи над 38.5°C. За два дена и помина температурата, викендов беш одлична, само со затнато носе и се решивме во понеделникот да ја пратиме во градинка. Неколку дена беше добра, но почнаа да и се јавуваат зелени мрсули што беше знак дека е можно да има бактерија. Направивме бриз од нос и грло и по 48 часа добивме позитивен резултат – streptokoka pneumonia.

Достигнувања

На почетокот од месецот почна стабилно да стои сама. Најпрвин 5-10 секунди, но со тек на време почна подолго и подолго да стои, по 30 секунди до 1 минута. Веќе се движеше фатена за мебелот и многу сака да лази под маса и столчиња. Повтоно почна да сака да оди, со држење за рачиња, но овој пат само за едно раче (исклучиво левото). Ги купивме првите кондурчиња, ортопедски од Ciciban. Кога одеше, сеуште ја кривеше левата нога, но после некое време се оправи и нормалко почна да оди. На крајот од месецот ги направи и првите самостојни чекори. Јас работев во кујна, а Зои се држеше за комодата кај телевизорот. Едно време ми стана ќутлива, па тргнав да видам што прави. Она се пуштила од комодата, гледаше накај мене и направи 2-3 чекори кон мене. Падна, а јас за охрабрување и реков „Браво Зои!!!”. Беше пресреќна, а исто така и јас. Овој период почна да покажува со прст на се и сешто. Посебно и е интересно да вклучува и исклучува светло. Прв пат со прсте покажа кон мама и тато кога ја прашавме „Каде е мама?“ и „Каде е тато?“. Почна да ги реди предмети една во друга по големина и да си игра со коцки.

Месецов Зои за прв пат ослабна 30 грама за разлика од минатиот месец, а порана 2 см во должина. Педијатарот рече дека не е страшно и дека е време да и воведеме вечера. Тешка е 8.170 кг и висока 74 см.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Најстари
Најнови
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите