Search here...
TOP
Игри и активности Мајчинство

Активност со картон од млеко и пом-пом топчиња

Ако барате евтина активност за вежбање на фина моторика за вашето бебе или тодлер продолжете да читате понатаму.

Потребни материјали:

  • картон од млеко со капаче
  • скалпер/ножички
  • пом-пом топчиња (големина колку капачето од амбалажата)

Изработка:

  1. Картонот од млеко најпрвин добро измијте го. Потоа со ножички или скалпер направете отвор во долниот дел од амбалажата. Оставете добро да се исуши пред да ја понудите активноста
  2. Картонот заедно со пом-пом топчињата дајте му ги на вашето дете. Доколку е потребно, демонстрирајте како се изведува активноста.

Поедноставна варијанта на оваа активност е кога пом-пом топчињата се пикаат во едноставно пластично шише, но во овој случај топчињата веднаш излегуваат од картонот па е поинтересна и топчињата може да се реупотребат.

Home with Zoe

«

»

Претплати се
Известување за
guest
0 Comments
Внатрешни коментари
Прегледај ги коментарите