Ако барате евтина активност за вежбање на фина моторика за вашето бебе или тодлер продолжете да читате понатаму.
Потребни материјали:
- картон од млеко со капаче
- скалпер/ножички
- пом-пом топчиња (големина колку капачето од амбалажата)
View this post on Instagram
Изработка:
- Картонот од млеко најпрвин добро измијте го. Потоа со ножички или скалпер направете отвор во долниот дел од амбалажата. Оставете добро да се исуши пред да ја понудите активноста
- Картонот заедно со пом-пом топчињата дајте му ги на вашето дете. Доколку е потребно, демонстрирајте како се изведува активноста.
Поедноставна варијанта на оваа активност е кога пом-пом топчињата се пикаат во едноставно пластично шише, но во овој случај топчињата веднаш излегуваат од картонот па е поинтересна и топчињата може да се реупотребат.
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари