Со подобра организација и правилни активности, одмор со дете може да биде вистински одмор 🙂
Годинава повторно во Грција (најпопуларната дестинација со мали деца), овој пат во Сарти на првиот крак. Бевме на одмор заедно со другарка ми и нејзината фамилија. Зои имаше друштво – Дарија која е 9 месеци помала, но одлично се слагаа.
Оваа година, сите играчки кои ги носев беа внимателно избрани и ги собра во една пластична кутија. Играчките кои ги избрав сакав да бидат интерактивни и забавни да може двете да си играат заедно.
Еве неколку предлози што може да носите на одмор за да биде забавата загарантирана, а да не ви зафаќа премногу место:
- Домашен пластелин (или купечки) – рецептот за домашен пластелин сеуште го испробувам, но ќе го споделам и линкувам кога ќе го усовршам 🙂
- Алатки за работа со пластелинот, ножички, пинцети и слично
- Балони
- Картички за учење на овошје
- Слагалици со број на делчиња прилагодени на возраста на детето
- Морски животни – испробајте ги дома дали пловат или пропаѓаат во вода. Интересни се за играње на плажа, а посебно во вода, но ако не пловат лесно може да ги изгубите.
- Морски ѕвезди и школки – Купени ми се од Џамбо, но не во делот за играчки, туку како форми за замена на коцки лед. Не знам како да ги објаснам поинаку, правилната упореба им е да се замрзнат и да се користат за оладување на пијалоците. Сепак јас редовно ги користам во летни сензорни активности.
- Лепенки или стикери – не зафаќаат место, а мислам дека нема дете што не ги сака
- Фломастери, дрвени боици, креди и мрсни бои – Не заборавајте да земете и листови хартија, а може и некоја боенка
- Водени боици – водените боици се најинтересни на плажа. Може да собирате школки или камчиња и да ги боите, па забавата да продолжи со цртање по тело кое брзо и лесно се измива во водата.
Претплати се
Најава
0 Comments
Најстари